Македонија
„Бојкотирам“ го минира протестот на Конфедерацијата на синдикати

Неколкумина претставници на здружението „Бојкотирам“ дојдоа на протестот на Конфедерацијата на синдикати пред МТВ, за да дадат поддршка. Побараа да зборуваат, но организаторите од Конфедерацијата им објаснија дека се работи за синдикален протест, на кој е прикладно да зборуваат само претставниците на синдикалните организации и работници.
„Ако ви дозволиме, протестот ќе го обоиме политички, но преед Владата можете пред работниците да си кажете се што имате“, им укажаа синдикалците на „Бојкотирам“.
Тоа ги разлути бојкотирачките кои вклучија озвучување што самите си го носат со куфер, одат зад синдикалците и им го минираат протестот.
„Ни стана јасно за какви синдикалци се работи кога не ни дозволија да зборуваме. Ова е шминка проест. Каква држава такви синдикалци“, рече Ана Бобинковска од „Бојкотирам“.
„Бјкотирам“, ги следеа демонстрантите на Конфедерацијата до крстосницата кај Мавровка, по што сврета лево кон МАНУ, а демонстрантатите продолжија кон Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.