Македонија
(Видео) Протестот на ССМ најмасовен, се делеа маички и сендвичи

Најмасовен првомајски протест денес беше протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Почна пред зградата на ССМ со турканица за сендвич, сок и маичка. Се делеа црвени и сиви маички но немаше за сите, се пресоблекоа само оние што беа упорни во туркањето.
Мото на првомајскиот марш на ССМ беше „Не може да се одлучува за нас, без нас“. Со транспаренти на кои беше испишано „Регрес за годишен одмор за сите“, „Платите да пораснат, младите да останат“, „Сабота и недела денови за неделен одмор“ и ред други се маршираше покрај Собрание, покрај Министерство за правда покрај Поштата до Влада.
Пред Влада, претседателот на ССМ Дарко Димовски го прочита мајскиот проглас со барањата кои му ги доставија на премиерот Зоран Заев и на социјално економскиот совет.
„ССМ се залага и бара поголеми инвестиции, подобри економски политики и обезбедување на правото на работа за сите. За креирање реално одржливи работни места, за повеќе работни места за жените, младите и лицата со попреченост, за сигурност на работните места и договори за вработување на неопределени работно време, стоп за договорите на определено работно време, здрави и безбедни работни места, минимална плата од најмалку 13.800 денари, повисоки лати за младите да останат, обезбедување социјална заштита и сигурност, стабилен пензиски систем, стоп за подигање на границата за пензионирање, зголемување на испратнината при отказ најмалку за 12 плати, сабота и недела денови за работен одмор, право на регрес за годишен одмор за сите вработени, стоп за мешање во синдикалното организирање и посебен закон за синдикати. Сите барања се прогресивни, развојни и мотивирачки. Денес на седница на економскиот социјален совет ќе му ги доставиме на премиерот и се надеваме дека во брзо време овие барања ќе бидат решени“, рече Дарко Димовски, претседателот на ССМ и ги повика синдикалните лидери да влезат на седницата во Влада.
Пред да дојдат ССМ, пред Влада протестираа членовите на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија кои имаат слични барања за унапредување на работничките права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Вренето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)
Македонија
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Лозово во рамките на кампањата под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври.
Мицкоски порача дека токму затоа е убеден дека нема друга алтернатива ниту за Македонија, ниту пак за Лозово, како составен дел од државата, а тоа сегашниот и идниот градоначалник, Бошко Цветковски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Мицкоски се осврна на трите суштински ветувања во измината изборна кампања ан ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори кои се исполнија до сега во овие 15 месеци власт, како линеарното покачување на пензиите не само за 5000 денари, туку до март истите ќе се покачат за вкупно 7000 денари за сите пензионери, како 500 милиони денари од владата за општини за реализација на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.
„Третото суштинско ветување беше дека онаа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.
Додаде дека и покрај сите предизвици коишто ВМРО-ДПМНЕ ги имаше при преземањето на власта од првиот ден па се до денес, при што беа затечени проблеми за коишто се знаеше дека најголем дел од нив постојат, но со влезот во институциите следеше непријатно изненадување дека државата е речиси пред банкрот, а институциите и темелите на државата беа комплетно разрушени.
„Но, не очајуваме, туку ги засукаме ракавите и почнавме да работиме. А тоа е впрочем она коешто ние го ветувавме за време на кампањата во 2024 година, каде што ветивме многу работа, чесна и напорна“, рече Мицкоски.
Затоа Мицкоски повика масовно да се излезе на гласање и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9, за да продолжи работата и напредокот на државата.