Економија
(Видео) Заев: Од 1 јули зголемување на минималната плата на 13.000 денари
По денешната редовна седница на Економско – социјалниот совет, на која Владата заедно со Синдикатите и работодавачите разговараа за важни прашања за унапредување на работничките права и условите за работа и за работниците и за компаниите во земјата, премиерот Зоран Заев најави зголемување на минималната плата. Тој рече дека сериозно размислуваат за ново зголемување на минималната плата оваа година.
„Во тек се консултации со сите засегнати страни да го изнајдеме најсоодветниот модел. Денеска и тоа беше соодветна тема, веруваме дека мај и јуни ќе ги искористиме за од 1-ви јули да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари. Дијалогот продолжува и верувам дека ќе изнајдеме алатки и начини кадешто сите чинители ќе бидат задоволни со ваквите чекори“ рече Заев.
Премиерот додаде дека според податоците како резултат на зголемување на минималната плата, просечната плата се зголемила за 6.6 % во фебруари 2019, споредено со август 2017, пред покачувањето на минималната плата.
Покачувањето на платите е процес и јас очекувам во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира. За тоа ќе придонесе и зголемелниот број на домашни и странски директни инвестиции како, отворањето на нови работни места и зголемената побарувачка на квафилификувана работна сила. Пензиите од почетокот на 2017 до почетокот на 2019 пораснаа за 826 денари или 6% од 13.750 денари просечна пензија сега 14.580 денари. Ќе има уште поголем тренд на пораст на плати и пензии во периодот што доаѓа“ истакна премиерот Заев.
Најави дека во подготовка е новиот Закон за работните односи и додаде дека разговарале за можноста за намалување на вкупното времетраење на договорот на определено време при трансформација во договор за трајно вработување, при што, како што рече, ќе се имаат во предвид и барањата на работодавачите, со цел да се постигне консензус и заеднички договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

