Свет
Путин го потпиша законот за итно издавање руски пасоши на Украинци
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за итно издавање руски патни исправи на Укрианците кои живеат во бунтовничките покраини на истокот од Украина, објави Кремељ.
Одлуката предизвика критики од страна на Европската Унија и Киев. Кремељ објави долга листа на жители кои се погодни за стекнување со руски пасоши по итна постапка за три месеци, вклучително и оние кои живеат во одредени подрачја во украинските региони Донецк и Луганск.
Законот ќе стапи на сила денеска, од моментот на потпишувањето. Бунтовниците се побунија против властите во Украина во источните региони Доњецк и Луганск во 2014 година, кусо откако беше тргнат од власта прорускиот претседател за време на бунтот во Киев.
Москва, која истата година го анектираше уктаинскиот полуостров Крим, според доказите кои ги собра Ројтерс овозможила воена помош на сепаратистите на истокот, доека руските власти негирале дека пружаат било каква материјална поддршка.
Минатата недела Путин рече дека нема ништо спорно во поедноставувањето на правилата за издавање на руски патни исправи за Украинците од бунтовничките региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сафади: Со бомбардирањето на Рафах, Нетанјаху го загрозува примирјето
Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозил постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас со бомбардирањето на градот Рафах на југот на Појасот Газа. „Направени се огромни напори за да се постигне договор со кој ќе се ослободат заложниците и ќе се постигне прекин на огнот. Хамас го претстави предлогот.
„Ако Нетанјаху навистина сакаше договор, сериозно ќе преговараше за тоа. Наместо тоа, тој се заканува на договорот со бомбардирање на Рафах“, рече Сафади на социјалната мрежа Икс, а пренесе Ројтерс. Вчера Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот во Газа предложен од Египет и Катар.
Таа палестинска милитантна група во соопштение наведе дека нејзиниот шеф, Исмаил Ханије ги известил премиерот на Катар, Мухамед Бин Абдулрахман Бин Џасим Ал Тани и шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел дека го прифаќа нивниот предлог.
Набргу по објавувањето на Хамас, „Тајмс оф Израел“ објави изјави од неименувани израелски претставници, кои рекоа дека најавата на Хамас не се зема предвид, бидејќи предлогот со кој се согласи Хамас не ги вклучува условите со кои се согласи Израел.
Израелскиот воен кабинет синоќа едногласно одлучи да ја спроведе планираната операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, со цел „да се изврши воен притисок врз Хамас“, соопштија од кабинетот на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и покрај тоа што Хамас претходно објави дека се согласува со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот, пренесува Танјуг.
Свет
Амбасадорите на ЕУ и САД во Москва нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
Амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Москва нема да присуствуваат на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека оваа одлука е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на блокот.
„Нашиот амбасадор нема да присуствува, повеќето земји-членки нема да присуствуваат“, рече Стано, а пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.
Ројтерс вчера објави дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија која нема да испрати свој претставник.
Неименуван извор за агенцијата изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресијата во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека има прекршување на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.
Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.
Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.
Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат.
Путин на претседателските избори во март освои 87,28 отсто од гласовите.
Свет
Автобус излета од патот и се преврте во Перу: најмалку 10 загинати меѓу нив и шестмесечно бебе
Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.
Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.
Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.
Државната телевизија Перу Нотицијас објави дека повредените, од кои некои се со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.
Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.