Свет
Лавров: Мешањето на САД во внатрешните работи на Венецуела е грубо кршење на меѓународните права
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараа за ситуацијата во Венецуела. Фокусот на разговорите бил на ситуацијата во оваа земја, каде вчера опозицијата, со очигледна поддршка од САД, се обиде да ја преземе власта, се нагласува во соопштението на руското МНР.
„Руската страна нагласи дека мешањеето на Вашингтон во внатрешните работи на суверена држава и закана кон неговото раководство, претставува грубо кршење на меѓународните права“ се наведува во соопштението.
Лавров нагласи дека само народот на Венецуела има право да ја одредува својата судбина, за што е потребен дијалог на сите политички сили во земјата. Тој додаде дека деструктивното надворешно влијание, пред се воено, нема никаква врска со демократскиот процес.
За време на разговорите, била разгледана и ситуацијата во Сирија, конкретно ситуацијата во камповите Рукбан и Хаулу. Лавров се заложил за што побрзо враќање на бегалците во нивните засолништа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.