Свет
Гваидо им се обрати на демонстрантите: Ќе протестираме се додека не ја постигнеме нашата цел
На улиците на Венецуела денеска повторно се собраа граѓани, и приврзаниците на Николас Мадуро и приврзаниците на Хуан Гваидо. Како што пренесува Си-ен-ен, во Каракас се собрале неколку илјади приврзаници на Гваидом, а таму се и приврзаниците на Мадуро, кои го слават 1 мај.
Ver las calles de #Valera y de los pueblos de #Trujillo repletos de gente que sabe que #VamosConTodo es una prueba de que Venezuela cambió. Quienes hoy no puede vivir dignamente de su esfuerzo saben que el usurpador es sinónimo de miseria y represión. ¡Nuestros Andes merecen más! pic.twitter.com/AQmRytdHt8
— Juan Guaidó (@jguaido) May 1, 2019
Еден ден по нередите во Каракас, Гваидо повторно ги повика неговите приврзаници и денеска да излезат на улиците за да заврши последната фаза од симнувањето од власт на претседателот Николас Мадуро.
Од една страна приврзаниците на Гваидо се собрани на плоштадот Атамира, кои наводно припремаат молотови коктели, а на другата, по повод 1 мај, се приврзаниците на Мадуро, кој упати порака дека „работничката класа во земјата ќе го прослави својот ден, но и ќе ја брани татковината со голем марш, на кој ќе каже НЕ на државниот удар и американското мешање“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

