Спорт
Марка: Меси веднаш треба да ја добие „Златната топка“
Лео Меси утрово е тема на сите спортски медиуми во светот. Според нив, неговата партија и особено голот што го постигнал слободниот удар, само ја потврдиле тезата дека тој е „фудбалскиот Бог“ во храмот на фудбалот „Камп Ноу“.
Импресивната партија на Аргентинецот не можеа да ја игнорираат ниту во Мадрид. Најтиражниот шпански весник, кој за многумина е гласилото на Реал Мадрид, „Марка“, пишува: „Го зеде тимот, го стави на својот грб и со толку голем товар го прегази Ливерпул, кој заслужи многу повеќе“.
„Марка“ нема дилема дека иако до крајот на годината има уште осум месеци, „Златната топка“ треба да му биде доделена на Аргентинецот.
„Меси сега ја има во џебот ‘Златната топка’. Во суштина ова утро треба да му ја предадат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сунес: Салах е најсебичниот играч што некогаш сум го видел
Греем Сунес, легендата на Ливерпул, кој со клубот од Енфилд освои пет титули во англиското првенство и три европски купа, го нарече Мохамед Салах најсебичниот играч што некогаш го видел.
Салах пристигна во Ливерпул во трансфер од Рома во 2017 година, тој одигра 346 натпревари за клубот, постигна 210 голови и забележа 88 асистенции.
Сонес верува и дека Салах наскоро ќе го напушти „Енфилд“.
„Мислам дека Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул. Беше одличен и ако замине во Саудиска Арабија ќе стане најголемата ѕвезда таму. Има многу високо мислење за себе и беше лут што не го започна натпреварот против Вест Хем. Тој е најсебичниот играч што некогаш сум го видел.“
Спорт
Шумахер најавува пропаст на Ред Бул
Ралф Шумахер (48) смета дека заминувањето на Адријан Њуи од Ред Бул е значаен момент за Формула 1. Поранешниот Ф1 возач смета дека ова е позначајно дури и од трансферот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари.
Пред два дена Ред Бул објави дека спогодбено ќе се раздели со најдобриот дизајнер во Ф1. Шпекулациите велат дека Њуи би можел да му се придружи на сонародникот Хамилтон во Ферари следната сезона.
Дури и да не се случи тоа, Ралф Шумахер е убеден дека без врвниот дизајнер, Ред Бул ќе стане просечен тим.
Помладиот брат на еден од најголемите возачи на сите времиња, Михаел Шумахер, кој и самиот имаше солидна кариера во Формула 1 (182 трки, 27 подиуми, 6 пол-позиции, 6 победи) отиде чекор понатаму и објави дека Њуи е само првиот во низата клучни луѓе на тимот на Ред Бул кои наскоро ќе ја напуштат базата во Милтон Кејнс.
„Да, тоа е факт и повеќе луѓе ќе си заминат“, одговори Шумахер на прашањето за организациската криза во најдоминантниот тим на првенството.
„Тоа е јавна тајна, но во реалноста сè започнува од фактот дека Кристијан Хорнер верува дека не му треба ниту еден од тие луѓе и дека најдобро знае како треба да изгледа Ф1 тим. Конечно, ја има целосната поддршка од тајландските инвеститори“, изјави Германецот, а пренесува шпанска „Марка“.
Спорт
Алкараз го откажа настапот на Мастерсот во Рим
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да настапи на Мастерсот во Рим.
Третиот тенисер во светот има прблем со десната подлактица, но и покрај тоа реши да игра на Мастерсот во Мадрид каде не успеа да ја одбрани титулата, во четвртфиналето дожиева пораз од Андреј Рубљов.
„Почувствував болка на турнирот во Мадрид, непријатност во раката. Денеска направив прегледи и имам оток на мускулот на подлактицата, што е резултат на претходна повреда. За жал, не можам да играм во Рим, морам да почнам со рехабилитација за да играме 100 отсто без болка“, напиша Алкарас на социјалната мрежа „Икс“.
Алкарас во краток период се откажа од три турнири. За еден месец се откажа од Монте Карло, Барселона и сега од Рим.