Свет
Ширум светот се одбележува Денот на слобода на печатот
Во светот денеска, 26 пат по ред, се одбележува Денот на слободата на печатот.
Годинашната тема е „Медиуми за демократија: Новинарство и избори во ерата на дезинформации“, а глобалната конференција се одржува во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.
Генералното собрание на ОН во декември 1993 годнина го прифати 3 мај како Ден на слобода на печатот, врз основа на препорака од УНЕСКО и како одговор на пропишаната Декларација за независни медиуми.
Во рамките на Денот на слободата на печатот се доделува и специјална награда на УНЕСКО, именувана по колумбискиот новинар Гилјермо Канo, кој беше убиен поради објавените приказни за наркокартелите во неговата земја.
Овогодишната награда им припадна на новинари од агенцијата „Ројтерс“, Ва Лон и неговиот колега Чо Со-у, кои опширно го истражуваа масакрот извршен над муслиманското малцинство Рохинџи во селото Ин Дин, на Мјанмар.
Како што напиша Би-би-си во јануари 2018 година, армијата на Мјанмар призна дека масакрот навистина се случил.
Слободниот печат не е само весник со сигурни и точни информации, туку исто така е столб на демократијата, рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, по повод Светскиот ден на слободата на печатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.