Контакт

Македонија

ЈСП го објави режимот на движење на автобусите за време на посетата на папата

Објавено пред

Од ЈСП информираат дека во вторник (7 мај) за време на посетата на папата Франциско ќе има посебен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во период од 7 до 19 часот.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, нема да работат билетарниците, ниту жичницата на Средно Водно, а превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното сообраќајно претпријатие ја известуваат јавноста дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање и ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција.

Во продолжение, ова е интегралната листа од ЈСП, во која се опишува трасата на автобуските линии на 7 мај:

Линија 2

*Почетна постојка кружен тек Железара, Чаир, до Детелинката на Бит-пазар кон булевар Никола Карев (Пластичарска) по булевар 8 Септември (Александар палас) на булевар Партизански одреди и продолжува по траса.
*Од Сарај од булевар Партизански одреди, по булевар 8 Септември (Александар палас), па кон булевар Никола Карев (Пластичарска) и на Детелинката на Бит-пазар оди кон Чаир и кон Железара до кружниот тек
*Доколку е слободен булевар Александар Македонски, булевар К.П.Мисирков и булевар Гоце Делчев кон булевар Партизански одреди или/и булевар Илинденска, (улица Рузвелтова) и продолжува по траса

Линија 16

*Доколку е прооден булевар К.П.Мисирков, од Железара, преку Чаир, Бит-пазар, Југодрво (Кочо Рацин) и Пржино
*Доколку е слободен булевар Александар Македонски и булевар К.П.Мисирков, од Бит-пазар кон Југодрво и кон подвозникот по траса и за враќање по истата траса
*Доколку е затворен и булевар К.П.Мисирков, чека на терминали

Линија 23

*Од Ченто до Југодрво ќе сообраќа по своја траса, потоа лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар, крајна/почетна станица пред бензиска пумпа „Макпетрол“
*Од бензиска пумпа „Макпетрол“, под Железничка станица кон Тутунски комбинат, КЈУБИ, Олимписки базен (булевар Кочо Рацин) и по трасата кон булевар Јане Сандански кон својата траса до Ченто

Линија 50

*Цел ден до Транспортен центар
*од Хиподром лево кон улица Перо Наков (МЗТ), булевар Србија, и десно кај Рударски институт по булевар Јане Сандански, потоа кон Југодрво (булевар Кочо Рацин), потоа лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар
*Обратно од Транспортен центар, Тутунски комбинат, КЈУБИ, Олимписки базен (булевар Кочо Рацин) и по трасата кон булевар Јане Сандански од каде што ќе доаѓа
*Кога е слободен булевар Александар Македонски и К.П.Мисирков, по црквата Богородица кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

Линии 45, 65, 65В, 55

*Во правец према Транспортен центар по своја траса до „Агросервис“, преку надвозникот, лево кон Маџари (улица Благоја Стефковски), десно на Термо, улица Перо Наков (МЗТ), лево по булевар Србија и десно кај Рударски институт по булевар Јане Сандански
*Од Транспортен центар кон своите траси ќе се движат по булевар Јане Сандански, лево кај Рударски институт по булевар Србија, улица Перо Наков (МЗТ), Маџари (улица Благоја Стефковски) кон надвозникот кон Ченто и потоа кон своите траси
*Кога е слободен булевар Александар Македонски и К.П.Мисирков, по црква „Богородица“ кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

Линии 63, 63А, 66, 66А, 52, 53, 62, 68

*Од Маџари (Термо) лево кон улица Перо Наков (МЗТ), булевар „Србија“, после мостот десно кон Спортска сала, Мајчин дом десно кон булевар „Јане Сандански“ до Транспортен центар
*Од Транспортен центар кон своите траси ќе се движат по булевар „Јане Сандански“, лево кај Рударски институт по булевар „Србија“, улица „Перо Наков“ (МЗТ) до Маџари (улица „Благоја Стефковски“), потоа десно кон своите траси
*Доколку е прооден булевар „Александар Македонски“ и „К.П.Мисирков“, после црква „Богородица“ кон Транспортен центар и за враќање по истата траса

Режим на движење при затворен булевар К.П. Мисирков (Бит-пазар):

Линија 8

*До детелинката пред Бит-пазар, потоа десно кон булевар Никола Карев (Пластичарска) по булевар 8 Септември (Александар палас) кај МИДА десно кон булевар „Илинден“ и по своја траса
*Во обратен правец по истата траса, од булевар „Илинден“, лево по булевар „8 Септември“ (Александар палас), десно по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), на Детелника на Бит-пазар оди кон улица „Цветан Димов“ (Јаја паша) и по своја траса
*Доколку е слободен булевар „К.П.Мисирков“ и мост „Гоце Делчев“ по траса

Линија 9

*Од Скопје Север до детелниката кај Бит-пазар и назад од детелниката кон Скопје Север
*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ по траса до Југодрво, лево кон Билна аптека, па лево од Тутунски комбинат кон Транспортен центар
*Кон Скопје Север, од Транспортен центар, до Тутунски комбинат, десно КЈУБИ, продолжува кон Југодрво и по траса

Линии 19, 59

*До детелинката пред Бит-пазар, потоа десно кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) по булевар „8 Септември“ (Александар палас), на булевар „Партизански одреди“ и по траса
*Во обратен правец по истата траса, од булевар „Илинден“ лево по булевар „8 Септември“ (Александар палас), десно по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), на детелинката на Бит-пазар оди кон улица „Цветан Димов“ (Јаја паша) и по своја траса
*Доколку е слободен булевар „К.П.Мисирков“ и мост „Гоце Делчев“, потоа по булевар „Илинден“, лево улица „Рузвелтова“, кон булевар „Партизански одреди“ и по траса

Линија 20

*Оди до Бит-пазар до детелинката-надвозникот и назад кон Шуто Оризари
*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ до Транспортен центар нормално по траса

Линии 47, 47А, 61, 71, 81

*До детелниката кај Бит-пазар и назад од детелниката кој Јаја паша, па продолжуваат по своите траси
*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“, по траса до крај

Линија 57

*До детелинката пред Бит-пазар, потоа десно кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), по булевар „8 Септември“ (Александар палас), право до улица „Козле“ (Угостителско), потоа десно по траса
*Доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“ и мост Гоце Делчев, кон булевар „Партизански одреди“ (или булевар „Илинденска“), лево по улица „Рузвелтова“, по Министерство за економија, десно по улица „Козле“ по траса
*Во обратна насока, по истата траса кон Радишани

Линија 12

*Од Сарај, ако е затворен булевар „К.П.Мисирков“, од булевар „Партизански одреди“, по булевар „8 Септември“ (Александар палас), па кон булевар „Никола Карев“ (Пластичарска) и на детелинката на Бит-пазар се враќаат назад кон Шишево
*Од Сарај, доколку е прооден булевар „К.П.Мисирков“, од булевар „Партизански одреди“, по улица „Рузвелтова“, булевар „Илинден“, мост Гоце Делчев и по траса и за враќање по истата траса

Линија 17

*Доколку е затворен булевар „К.П.Мисирков“, до и од Транспортен центар
*Кога булевар „К.П.Мисирков“ е прооден, по Комплекс банки, десно кон Бит-пазар и по своја траса
*Во обратна насока од Бит-пазар кон Веро Џамбо и по своја траса

Линии 7, 15 И 15А

*КонКарпош, кога е проодна улица Кирил и Методиј, кон улица Васил Ѓоргов, по улица Рузвелтова, лево кон булевар Партизански одреди или по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, лево улица Рузвелтова, кон булевар Партизански одреди и по траса
*За враќање од булевар Партизански одреди, лево улица Рузвелтова, булевар Илинден, мост Гоце Делчев, Судска палата, кон Железничка станица и по траса
*Доколку мост Гоце Делчев не е прооден, од булевар Партизански одреди, улица Рузвелтова, улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков, КЈУБИ, по булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) по траса

Линија 5

*Кон Капрош, кога е слободна улица Кирил и Методиј, кон улица Васил Ѓоргов, по улица Рузвелтова, по Министерство за економија лево на булевар Теодосиј Гологанов и по траса
*Или кон Карпош по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, улица Рузвелтова, кај Треска десно на булевар Теодосиј Гологанов и по траса
*За враќање од Ѓорче Петров, од булевар Теодосиј Гологанов, улица Рузвелтова, улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков, КЈУБИ, по булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) по траса

Линија 27

*Ќе се сообраќа само до Транспортен центар, почетна/крајна Транспортен центар

Линии 21, 21А, 21Б, 22 и 22А (како 22)

*Од Транспортен центар, кога е слободна улица Кирил и Методиј, кон улица Васил Ѓоргов, по улица Рузвелтова кон булевар Партизански одреди или по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, лево улица Рузвелтова, кон булевар Партизански одреди и по траса
*Кон Транспортен центар, ако не е слободен мост Гоце Делчев, од булевар Партизански одреди, улица Рузвелтова, улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков, КЈУБИ, по булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) по траса
*Кон Транспортен центар од булевар Партизански одреди, лево улица Рузвелтова, булевар Илинден, мост Гоце Делчев, Судска палата, кон Транспортен центар

Линија 24

*Од Тафталиџе, од булевар Партизански одреди, десно улица Рузвелтова, лево улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков и по своја траса или од Тафталиџе, од булевар Партизански одреди, лево улица Рузвелтова, булевар Илинден, мост Гоце Делчев, Судска палата, булевар Кочо Рацин (Југодрво), подвозник и по траса
*Од Кисела Вода према Карпош, кога е проодна улица Кирил и Методиј, улица Васил Ѓоргов, по улица Рузвелтова, лево на булевар Партизански одреди и по траса или од Кисела Вода, кон Тафталиџе, по подвозникот, кон булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) кон МАНУ, лево по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, лево улица Рузвелтова, кон булевар Партизански одреди и по траса

Линија 4

*Од КЈУБИ лево, кога е проодна улица Кирил и Методиј, кон улица Васил Ѓоргов, по улица  Рузвелтова лево кон булевар Партизански одреди и по траса
*од КЈУБИ десно по булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, лево улица Рузвелтова, кон булевар Партизански одреди и по траса
*Од булевар Партизански одреди, десно улица Рузвелтова, лево улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков, кон Тутунски комбинат лево и по своја траса
*Од булевар Партизански одреди, лево улица Рузвелтова, булевар Илинден, мост Гоце Делчев, Судска палата, булевар Кочо Рацин (Југодрво), лево Билна аптека и по траса

Линии 11, 11А, 18, 32, 56, 56Б, 60

*Од Транспортен центар, доколку е проодна улица Кирил и Методиј, кон улица Васил Ѓоргов, по улица Рузвелтова кон булевар Партизански одреди, или по мост Гоце Делчев (булевар Гоце Делчев), па булевар Илинден, лево улица Рузвелтова, кон булевар Партизански одреди и по траса
*Кон Транспортен центар, доколку не е прооден мост Гоце Делчев, од булевар Партизански одреди, улица Рузвелтова, улица Васил Ѓоргов, улица Јордан Мијалков, КЈУБИ, по булевар Кочо Рацин (Олимписки базен) по траса
*Кон Транспортен центар од булевар Партизански одреди, лево улица Рузвелтова, булевар Илинден, мост Гоце Делчев, Судска палата, кон Транспортен центар.

Од ЈСП ги потсетуваат граѓаните дека на нивната интернет-страница може да видат детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

 

Македонија

Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.

„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.

Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.

„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.

Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево

Објавено пред

Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од корисниците на Центар утре без вода

Објавено пред

Од

Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.

dobivaj vesti na viber

„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија7 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија9 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија9 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија12 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура13 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија13 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет13 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет14 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет14 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа15 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет15 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет15 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија16 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...