Свет
Израел ја погоди зградата на турската новинска агенција „Анадолија“ во Газа
Турција ја повика меѓународната заедница да дејствува на несразмерните акции на Израел во Газа, соопшти турското Министерство за надворешни работи кога израелските воздушни напади ја погодиja зградата во која се наоѓа турската државна новинска агенција „Анадолија“.
Милитантите вчера во Газа лансираа над 250 ракети во изралските градови и села, а Израел возврати со тенковски гранатирања и воздушни напади за кои палестинските власти рекле дека убиле четири лица.
„Остро ги осудуваме неселективните напади на Израел во Газа поради кои многу невини луѓе ги загубија животите или се повредени, а цел на нападите била зградата на агенцијата „Анадолија. Итно ја повикуваме меѓународната заедница да дејствува за да ја ублажи напнатоста што се зголемува во регионот со израелските несразмерни дејствувања“, се наведува во соопштението на турското МНР.
Ескалацијата на насилствата се случи кога во петокот четворица Палестинци беа убиени, а 51 ранет во судирите со израелските сили по должината на граничната ограда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.