Црна хроника
Тешко повредени возач и пешак во сообраќајки во Битола и Тетово

Возач на автомобил и пешак се тешко повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во средата во Битола и Тетово.
Сообраќајката во Битола се случила околу 16.55 часот на крстосницата од улица „Прилепска“ и улица „Гоце Делчев“. Во несреќата се судриле два автомобила, „даеву матиз“ со коешто управувал педесетгодишен маж од село Долно Оризари и автомобил „ауди“ со кое управувал триесет итригодишен битолчанец.Возачот на „матизот“ се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на четвртиот вратен пршлен и набиеници на главата и е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.Другата сообраќајка се случила околу 19.10 часот на улица „167“ во Тетово. Автомобил „БМВ“ со којшто управувал шеесет и двегодишен жител на тетовското село Голема Речица удрил во седумдесет и осумгодишен пешак, жител на селото Мала Речица. Пешакот со тешки телесни повреди бил однесен во тетовската болница, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на сообраќајките./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обид за убиство во хотел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.