Контакт

Бизарно

(Видео) Таткото, без да знае, го предал телото на својата ќерка на трговци со органи

Објавено пред

Американецот Џон Буч од Илиноис до ден-денес се обидува да го врати телото на својата ќерка кое го предал на наводни брокери на тела на црниот пазар. Буч сакал да ја почитува желбата на својата ќерка да го донира нејзиното тело за научни цели. Младата девојка починала во 2014 година, на 26 години.

dobivaj vesti na viber

Семејството Буч го избралo Биолошкиот ресурсен центар „Илиноис“ мислејќи дека тоа е легитимна установа за работа со донирани органи. Во многу држави во САД совршено е легално да се купуваат, продаваат и дистрибуираат делови од човечко тело, кои се донирани на науката и медицината.

Но, незаконското продавање органи за трансплатација или свесното заразување делови на телото е нешто што главно е нерегулирано. Пред пет години во Центарот за биолошки ресурси „Илиноис“, во крематориумот, со кој раководат Доналд А. Грин Постариот и неговиот син, упаднало ФБИ.

Безбедносните служби добиле информација дека ова место е поврзано со уапсениот трговец на органи Артур Ратбурн од Детроит. Артур во моментот отслужува девет години за свесно продавање заразени делови од тела.

Тоа ФБИ го довело до семејството Грин, кое наводно продавалo делови од човек на црниот пазар во периодот меѓу 2008 и 2014 година. Според налогот за претрес, некои од телата биле позитивни на ХИВ, хепатитис и сепса и се продавале за повеќе од 100.000 долари.

Покрај тоа, телата што се донирале во науката за истражување, образование и обука, според желбите на починатите, биле распарчени и продавани на други места, a нивните семејства биле измамени.

Федералните обвинувања се поднесени против нив, а минатиот месец биле поднесени обвиненија за измама и намерно прикривање на злосторството.

Обвинителите изјавиле дека луѓето што ги купиле труповите, вклучувајќи го и одделението за медицина на „Детроит медикал центар“, кој купил најмалку еден орган, кој претходно бил тестиран на хепатитис, а кој семејството Грин го скриле, не знаеле за што станува збор.

Објектот за кремирање е затворен, но Грин Постариот сè уште е лиценциран погребник во Илиноис иако неговата дозвола е на ревизија. Еден од најтажните делови на оваа приказна се однесува на блиските луѓе на мртвите што ја откриле оваа измама.

„Јас сум прилично затечен од овие работи, но болно е. Добивме пепел за која ни тврдеа дека е на Александра. Истражителите тврдат дека деловите на нејзиното тело се отстранети од Центарот, каде што е извршена рација и дека тие се пренесени во Детроит, каде што се врши истрагата“, изјавил Буч Постариот за „CB2“ во Чикаго.

„Ако не ја кремирале, ништо не би префриле во Детроит така што таа пепел не може да биде нејзина“, изјавил Буч.

Речиси пет години по поведувањето на случајот, тој не е ни блиску до враќањето на својата ќерка, а Буч веќе создал група за поддршка за друго семејство што се нашло во иста ситуација.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ4 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ5 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ6 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија8 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија10 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија11 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет11 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија12 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија13 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија14 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија14 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија14 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ15 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија15 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа16 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа17 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет17 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион18 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет18 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...