Македонија
Мијалков излегува од куќен притвор

Ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, излегува од куќен притвор, кој го издржуваше за предметот„Титаник 2“ по изрекувањето на пресудата. Истекоа 60 дена од изрекувањето на притворот од Апелацискиот суд во Скопје, па на Мијалков му е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во судот.
Причината зошто Мијлаков излегува од куќен притвор е фактот дека против него беше поднесен обвинителен предлог, кој по изрекувањето на пресудата, може да трае најмногу до 60 дена.
„Со решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје при изрекување на пресудата за предметот од Обвинителството, означен како „Титаник 2“, на обвинетиот му е определна мерка притвор. Со решение на Апелациониот суд во Скопје решението на првостепениот суд е преиначено, со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор, кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена во согласност со член 481, ст. 2 в.в., со член 165, ст.1, т.1 од ЗКП“, соопштија од судот.
Со оглед дека рокот од 60 дена истекува на 6.5.2019 година, советот, постапувајќи по службена должност, утврдил дека мерката куќен притвор треба да ја укине.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби казна затвор од 3,2 години, Бедредин Ибраими беше осуден 4 години и 6 месеци затвор. Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Сашо Мијалков судот ги прогласи за виновни и добија казни затвор во траење од по 3 години.
Според судот, Мијалков ја искористил својата положба и влијанието и се договорил со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласањето на три избирачки места во Струмица во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.