Македонија
(Видео) Заев: Владата искрено и силно е посветена на негување и унапредување на македонскиот јазик

Во свечената сала на Владата годинава првпат се одбележа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик откако минатиот месец на владина седница беше донесена одлука овој ден да биде празник од работен карактер. На свеченоста присуствуваа членови на Владата, академици, професори и научни работници, а беше организирана еден ден подоцна поради изборните активности претходниот ден.
„Во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија, овде пред вас уште еднаш испраќам јасна порака дека оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапреди македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ. Нашата татковина, како што велеше Блаже Конески“, ги поздрави премиерот Заев присутните на свеченоста честитајќи им го Денот.
Тој додаде дека Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик и спомена дека покрај тоа што во соработка со Институтот за македонски јазик обезбеди интернет-пристап на „Правописот на македонскиот јазик“, се прават напори на граѓаните да им бидат бесплатно достапни и други дела.
Тој истакна дека главната цел на организирањето на настанот е да се чујат сите укажувања и предлози за сеопфатен и стратешки пристап за да се идентификуваат најдобрите можни начини за создавање услови за развој и промовирање на македонскиот јазик.
„Затоа, денеска, тука се поканети претставници на најважните институции што се занимаваат со македонскиот јазик, како што е Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, на Академијата на науките и уметностите на Северна Македонија – МАНУ и Институтот за македонска литература“, истакна премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.