Македонија
Папата се помоли пред споменикот на Мајка Тереза

Папата Франциско пристигна во Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што се помоли и положи цвеќе.
„Молиме, Света Мајка Тереза, мајка на сиромашните, твое посебно застапништво и твоја помош, тука, во градот на твоето раѓање, каде беше твојот дом. Тука сте го добиле дарот на повторното раѓање во светите тајни на христијанската иницијација. Тука ги слушнавте првите зборови на верата во твоето семејство и во заедницата на верниците. Тука научи од твоите родители да ги сакаш оние кои имаат најмногу потреба и да им помагаш“, спомена меѓудругото во молитвата Светиот Отец Папата Франциск.
Папата во Спомен-куќата ќе се сретне со претставници на верските заедници во земјата по што ќе се упати на миса на плоштадот Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)