Македонија
Иванов: Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета
Претседателот Ѓорге Иванов во говорот пред папата Франциско рече дека папата доаѓа во еден период во кој Република Македонија е разнишана и изневерена и побара од папата духовна помош во обнова на државата.
„Искушението да зборувам за славното минато е големо. Но, верувам дека е многу поважно да зборувам за неизвесната сегашност, колку и да е тоа тешко. А вистината е дека Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениските блокади на нашиот европски пат доведоа до политички и морални кризи што го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајни вредности. Крстот и полумесечината, црквата и џамијата, се злоупотребуваат како граничници и тврдини за маркирање и бранење некакви си замислени територии. Како да се заборава дека сите ние сме луѓе, независно од нашата вера“, рече Иванов.
Претседателот Ѓорге Иванов во својот говор се обрати до граѓаните и ги повика на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија.
„И затоа ќе завршам со еден повик до сите мои сограѓани, до сите луѓе со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, независно дали се муслимани, Евреи или атеисти. Ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување, да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна“, рече Иванов.
Симболично, оваа историска посета се случува на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Светиот престол. Посетата на папата е на покана на претседателот Ѓорге Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вреди“: Ноќ што испиша историја, Филхармонијата го воздигнува името на земјата во Виена
Вчера бевме сведоци на голем културен успех на нашата земја, историскиот концерт на Филхармонија на Македонија во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните сцени за класична музика во светот.
Овој концерт, кој се одржа во величествена и емотивна атмосфера, го демонстрираше високото уметничко ниво и професионализам на нашата филхармонија, која со своите брилијантни интерпретации на делата на композиторите Бете Илин, Сони Петровски, Смокварски и Дворжак, го воздигна името на нашата држава и нашата култура во срцето на Европа, велат од „Вреди“.
„Вреди“ изразува посебна благодарност до директорот на Филхармонијата, Мустафа Имери, за визионерското управување, посветеноста и напорната работа што ја претворија Филхармонијата во примерна институција за успех и меѓународна културна соработка.
Посебна благодарност им упатуваме на Министерството за култура и туризам, предводено од министерот Зоран Љутков, државниот секретар Марија Ѓоргова, амбасадорот на Република Северна Македонија во Виена, Освит Росоклија и националниот координатор за интеркултурализам, Абаз Селмани, за нивната поддршка во реализацијата на овој важен национален проект.
Ова е пример за тоа како преку институционална соработка, професионализам и почитување на уметноста, нашата земја може достојно да се претстави пред светот“.
Културата, како што додаваат, е мостот што нè обединува и го зајакнува нашиот идентитет, а овој концерт во Виена беше јасен доказ дека Северна Македонија знае да го зборува јазикот на уметноста достоинствено и со светска класа.
„Вреди“ изразува благодарност до сите уметници, членови на оркестарот, диригентот Јерухам Шаровски, солистите Ана и Игор Дурловски и сите оние што придонесоа за оваа незаборавна вечер што ќе остане како златна страница во историјата на нашата култура.
Македонија
Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово
Комплексот згради и просторот околу него на булеварот „Октомвриска револуција“ ќе добие сосема нов изглед многу скоро во наредниот период. Ова го вети кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Тој најави низа проекти насочени кон уредувањето на јавниот простор, подобрување на инфраструктурата и зачувување на зеленилото во тој дел од градот.
„Во следниот период сите партерни содржини околу вашите згради ќе бидат уредени, воедно ќе бидат и проширени сите постоечки паркинг простори, уредно обележани, како составен дел од втората зона за паркирање, а која ќе ги опфати и месните заедници „Панче Пешев“ и „БС Гојчо“ што ќе биде целосно бесплатна за сите што се со место на живеење на оваа адреса“, нагласи Димитриевски.
Посебен акцент во своето обраќање, Димитриевски стави на зачувувањето на зелените површини и спречувањето на прекумерната урбанизација. „Сите зелени површини вклучувајќи го и „Ореов лад“, ќе бидат задржани со акцент дека нема да се дозволи урбанизација на тој потег. На таа локација ќе се изгради нова детска градинка и дополнително нови зелени површини, рече Димитриевски.
Истовремено, најави дека кај локалитетот Табакана ќе се отстранат времените градби и ќе се направи нов паркинг простор, детско катче и повеќе зелени површини. Ист ќе биде пристапот и за просторот кај „Скара кај Жмара“, каде ќе се изгради и спортско-рекреативен комплекс и ново место за игра на најмладите, како и за комплексот К4 каде ќе никнат ново катче за најмалите, нови зелени површини и проширен паркинг простор.
Затоа, потенцираше тој, ќе се отворат нови градежни зони каде инвеститорите ќе може да градат, а градот да се шири надвор, бидејќи урбаниот развој на Куманово мора да биде балансиран меѓу изградбата и зачувувањето на просторот за живот.
Упати и повик до граѓаните за масовен одѕив на 2 ноември на вториот круг од изборите. „Ве повикувам масовно да излезете в недела и да ја дадете вашата поддршка за мене – вашиот кандидат Максим Димитриевски, затоа што Куманово заслужува континуитет и да продолжи да расте и да се развива“, порача Димитриевски.
Македонија
(Видео) Трајановски: Поддршка за млади претприемачи
Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром, истакна Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
„Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска поддршка на млади лица до 29 години што сакаат да започнат сопствен бизнис. Грантови за стартапи до 4 000 евра по апликација. Обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање. Консултантски услуги за пристап до национални или европски фондови. Целта на оваа мерка е да се намали невработеноста кај младите и да се зголеми бројот на активни млади претприемачи.
Вие сте клучот на промените, затоа на 2 ноември да се избориме за подобра иднина, и за општина која ќе биде Ваш партнер“, порача тој.

