Црна хроника
МВР поднесе кривични пријави против десет вработени во АД „Македонска Пошта“
Министерството за внатрешни работи во неделата соопшти дека поднесе кривични пријави против десет вработени во АД „Македонска Пошта“ за несовесно работење во службата.
Кривична пријава до Обвинителството е поднесе против, А.С.(31), З.Ј.(50), Г.А.(27), И.А.(40), Б.И.(32), Р. Џ.(29), Н.Б.(30), И.П.(41), В.Б.(48) и В.Т.(49), сите од СкопјеКривичното дело го извршиле во својство на службени лица, на тој начин што со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможиле на 26.07.2013 година во 07,15 часот на ул.„Кемал Сејфула“во Скопје, во пошта Чаир две непознати маскирани и вооружени лица да извршат кривично дело “разбојништво” и да одземат 13.660.000 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле не само АД „Македонска Пошта“ туку и Република Македонија бидејќи станува збор за претпријатие во државна сопственост.Имено, на 26.07.2013 година во 07,15 часот две непознати маскирани лица, во пошта Чаир влегувајќи преку необезбедена и незаклучена безбедносна решетка и врата од службениот влез, влегле во ходникот пред втората заштитна решетка која исто така не била заклучена, потоа во просторијата на благајната, каде исто така имало безбедносна решетка и врата кои не биле заклучени и затворени, согласно безбедносните прописи и правила, и со закана со пиштоли врз четврттопријавениот И.А.(40), и поштарот А.С.(44) од Скопје, одземале две вреќи во кои биле парични средства од Буџетот на Р.Македонија за исплата на корисници по основ на родителски додаток, посебен додаток и додаток за новороденчиња, а горе пријавените како службени лица вработени во АД „Македонска Пошта“ со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности им овозможиле на двете лица непречено извршување на наведеното кривично дело и да прибават противправна имотна корист од 13.660.000 денари.А.С.(31) како Управник на РЕ Чаир имала обврска да го организира вкупниот процес на работа во работната единица и во единиците на поштенска мрежа, како и да превзема мерки за прописно извршување на поштенските услуги и воедно да го контролира вкупното работење на Работната единица како и да ги следи и применува законските прописи. Спротивно на работните задолженија според кои морала да врши редовна контрола врз „Очевидникот за клучеви на каси“, истиот го водела неуредно, а освен тоа не ја вршела контролата на безбедносните камери и на тој начин овозможила неконтролирано влегување и излегување од службената врата на поштата. З.Ј. и Г.А. во својство на службени лица контролори на РЕ Чаир биле задолжени да вршат манипулативна и оперативна контрола, а кривичното дело го извршиле на тој начин што постапиле спротивно на Упатството за ракување со клучеви од влезни врати во објекти на АД „Македонска Пошта“ и овозможиле неконтролирано влегување и излегување од службената врата на поштата. На 26.07.2013 година, З.Ј. не била дојдена на работното место во точно утврденото работно време во 07,00 часот за да ја отклучи врата од службениот влез, бидејќи истата ги имала задолжено клучевите според Очевидникот за клучеви од влезна врата, а Н.Б. во 06,00 часот ја отклучил безбедносната решетка и вратата од службениот влез и ги оставил отворени. Исто така, З.Ј. и И.А. постапиле спротивно на Правилникот за благајничко и сметковно работење според кој со главната благајна ракуваат, по правило, двајца сметкополагачи кои одговараат заеднички за работите што ги вршат и спротивно на ова, И.А. сам ја превземал паричната дотација од Поштенска банка (одземените пари 13.660.000 денари) од Б.И. и Р.Џ. Како главен благајник, И.А. имал обврска да презема парични дотации од Поштенска банка заедно со клучарот односно во критичниот период требало да ги преземат со З.Ј. Спротивно на тоа, не ги преземал потребните безбедносни мерки што бил должен да ги преземе и не ја затворил сигурносната решетка и заштитната врата од просторијата а заедно со З.Ј. иако биле должни заеднички да ги отворат вреќите со парична дотација, да ги пребројат паричните средства и да ги заклучат во соодветната каса, не го направиле тоа, со што постапиле спротивно Правилникот за благајничко и сметковно работење. Б.И. и Р.Џ., двајцата во својство стручни соработници за безбедност во Самостојната служба за безбедност во „Македонска пошта“ имале обврска да го организираат и кординираат работењето на работниците за обезбедување, да се грижат за непречено функционирање на системите за техничка заштита на објектите и да вршат и други работи што ќе му бидат доверени од раководителот на самостојната служба И.П. Наместо тоа, по негова претходна усна наредба вршеле работни задачи на работник за обезбедување при транспорт на пари и со полициска придружба донеле две вредносни вреќи со парична дотација од Трезорот на Поштенска банка, кои ги предале на И.А., без притоа да реагираат и да го предупредат за необезбеденоста на објектот и просторијата на благајната и како што влегле преку незаклучените и необезбедените врати во поштата, така без да се грижат за безбедноста на објектот и паричните средства си заминале. Н.Б. на работно место пошторазнесувач, делото го извршил на тој начин што во критичниот момент ја отклучил безбедносната решетка и вратата од службениот влез и се качил на вториот кат во поштата за да дели пратки по доставни реони, и поради неправилна употреба на клучевите од влезните врати и сигурносните решетки овозможил неконтролирано влегување и излегување од службената врата. И.П. како Раководител делото го извршил на тој начин што иако бил должен и знаел дека вработените во поштата не се придржуваат согласно упатството за ракување со клучеви од влезни врати во објекти на Македонска Пошта, за што и во повеќе наврати му било укажувано од страна на Б.И. и Р.Џ., постапил спротивно на неговите должности и овластување и со тоа овозможил да се изврши кривичното дело “разбојништво”. В.Б. во својство на Раководител на Самостојна служба за внатрешна контрола била задолжена да го контролира функционирањето на поштенскиот соообраќај во сите фази на технолошкиот процес, да го контролира начинот на извршување на поштенските услуги, безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштенските пратки, средства, објекти и луѓе и врши други работи што ќе му бидат доделени од Генералниот директор. Кривичното дело “Несовесно работење во службата “ го извршила на тој начин што постапувајќи спротивно на своите должности не извршила никаква соодветна контрола со која би ги увидела сите неправилности во работењето и безбедносните пропусти во објектот. В.Т. на работно место Директор на Подружница Пошта Скопје 1 била задолжена да ја организира и координира работата на Подружницата, и доследно да се ангажира за примена на општите и посебните акти на Друштвото, презема мерки за заштита на вработените и зајакнување на поштенската безбедност. Постапувајќи спротивно на тоа, кривичното дело го извршила на тој начин што не посочила, а задолжително морала да предочи на самостојната служба за безбедност за потребата од постојано обезбедување на доставните Единици на Поштенска Мрежа за време на исплата на парични средства. Од страна на Истражниот Судија на горенаведените лица (со исклучок на Н.Б.) одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката притвор за В.Б. и Г.А. е изречена во отсуство. Инаку, од пријавените лица во евиденциите на МВР единствено минува четвртопријавениот И.А. за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ за што издржал и затворска казна во траење од една година и три месеци. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.
Црна хроника
Велешанец нападнат сред ноќ, напаѓачот бил пијан
Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес.
Полициските службеници при проверката кај Д.Т. затекнале 1,83 промили алкохол во крвта.
Приведениот бил задржан во полициската станица, а како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Возеле со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола: уапсени осум возачи во Велес, Делчево, скопско, Битола и Прилеп
На 03.02.2026 во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 03.02.2026 во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул.„Гевгелија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 18:00 часот на влез во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(24) од с.Батинци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал со впишана забрана за управување на моторно возило од 22.12.2025 до 21.04.2026. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 15:33 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 14:31 часот на патот Битола-Демир Хисар, кај с.Кукуречани, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.А.(24) од Демир Хисар. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 13:45 часот на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И.(39) од с.Норово, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека истиот возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 10:30 часот на патот за с.Бистрица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ш.Б.(34) од с.Острец, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

