Свет
Венецуела отвори истрага за смртта на 5 лица загинати во антивладините протести
Властите во Венецуела ја испитуваат смртта на пет лица на антивладините демонстрации на 30 април, изјави државниот јавен обвинител обвинител Тарек Вилијан Сааб, пренесува ТАСС.
„Вкупно 233 лица беа уапсени, пет лица загинаа. Сите овие случаи се под истрага од страна на обвинителството“, изјави Сааб за телевизискиот канал „Веневижн“.
Обвинителството веќе побара налози за апсење 18 војници и цивили што учествувал во заговорот за соборување на владата додавајќи дека се извршени и 17 претреси.
На 30 април воена група застана на страната на венецуелската опозиција, што доведе до големи антивладини протести во земјата. Десетици лица беа повредени во судирите со безбедносните сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.