Контакт

Вести

Ирачкиот претседател го именуваше ал-Абади за мандатар и покрај одуката на судот

Објавено пред

Ирачкиот претседател Фуад Масум во понеделникот попладне му го даде мандатот на Хајдер ал-Абади да ја состави новата влада, на што веројатно жестоко ќе се спротистави досегашниот премиер Нури ал-Малики зад кого стои најголемиот поединечен парламентарен блок, особено откако претходно во понеделникот ирачкиот Уставен суд одлучи дека Масум мора нему да му го довери мандатот, откако за тоа измина законскиот рок, бидејќи парламентарните избори се одржаа уште во април.
 

dobivaj vesti na viber

Ирачкиот претседател Фуад Масум во понеделникот попладне му го даде мандатот на Хајдер ал-Абади да ја состави новата влада, на што веројатно жестоко ќе се спротистави досегашниот премиер Нури ал-Малики зад кого стои најголемиот поединечен парламентарен блок, особено откако претходно во понеделникот ирачкиот Уставен суд одлучи дека Масум мора нему да му го довери мандатот, откако за тоа измина законскиот рок, бидејќи парламентарните избори се одржаа уште во април.

 

Агенциите пренесуваат дека државната ирачка телевизија попладнето емитувала прилог во кој се гледа како претседателот Фуад Масум се ракува со Хајдер ал-Абади и му порачува: „Се надевам дека ќе бидете успешен во формирањето влада на национално единство“.

 

Абади, пак, веднаш по именувањето ги повика Ирачаните да се обединат против „варварските“ борби што ги води Исламската држава. „Сите мораме да соработуваме за да и’ се спротиставиме на таа терористичка кампања којашто е покрената во Ирак и да ги запреме сите терористички групи“, изјави Абади на државната телевизија, откако претседателот од него побара да го именува владиниот кабинет.

 

САД веднаш му честитаа на новиот мандатар. „Му честитаме на Хајдар ал-Абади на именувањето и од него бараме да формира влада и програма на националното единство што е можно поскоро“, напиша на својот Twitter Брет Мекгарк, дипломат на американскиот Стејт департмент задолжен за Ирак и за Иран. Тоа укажува на фактот дека Вашингтон и покрај повеќепати декларираниот став оти „не сака да им избира претседател или премиер на Ирачаните“, сепак имал удел во одлуката и изборот на претседателот Фуад Масум, бидејќи го сметаат ал-Малики за делумно виновен за влошените традиционално тензични меѓуконфесионални односи меѓу двете најголеми заедници во земјата – шиитската на којашто самиот и’ припаѓа (над 60 отсто) и сунитската (околу 30 отсто) чиишто припадници се на страната на џихадистите од Исламската држава и во другите радикални бунтовнички групи.

 

Ал-Абади еден период мина во Велика Британија, образован е на Универзитетот Манчестер, а беше претседател на парламентарната комисија за финансии, политички советник на премиерот и министер за телекомуникации.

 

Именувањето на ал-Абади за мандатар бездруго ќе наиде на остра реакција на Нури ал-Малики, кој смета дека по пресудата на Уставниот суд, неговата коалиција Правна држава која е најбројната поединечна парламентарна фракција, односно тој има право да го добие мандатот за состав на владата.

 

Меѓутоа, шиитски челници тврдат дека главната Национална алијанса, којашто има 173 мандата во парламентот, вклучително и оние на Првната држава, е најголемата група и дека таа има право да го именува премиерот. Според нив, за ал-Абади се изјасниле 127 од 173-те пратеници на Националната алијанса.

 

Малики, кој беше преоден претседател на владата по парламентарните избори во април кои завршија со исход што го проблематизираат некои партии и западот, го отфрли повикот кој го упатија и сунитите и Курдите, но и некои негови сојузници како Иран, да отстапи за да остави простор за личност којашто би била помалку контроверзна.

 

Шиитските верски лидери и западните сојузници на Ирак последните седмици се придружија во кампањата против ал-Малики, убедени дека попомирлива личност може да го сопре напредувањето на сунитските џихадисти од Исламската држава. Токму него го сметаат за одговорен за чувството на запоставеноста на сунитите, кои инаку како малцинство во времето на диктаторот Садам Хусеин ги имаа во свои раце сите поважни функции во државата за сметка на шиитското мнозинство, а по падот беа истиснати. Сунитите, исто така, на ал-Малики му забележуваат и што Ирак зазема неутрален став во однос на граѓанската војна во соседна Сирија, каде што сунитските вооружени опозициски бунтовници, кои ја имаат поддршката за останатите сунитски земји во регионот и на Западот, се борат да го соборат од власт претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитска) заедница./крај/мф/сн 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 часа

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија9 часа

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија11 часа

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет13 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет16 часа

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет16 часа

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија16 часа

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија1 ден

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет1 ден

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија1 ден

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија1 ден

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија1 ден

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија1 ден

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Свет2 дена

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија2 дена

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет2 дена

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија2 дена

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....