Контакт

Македонија

(Видео) Јанева: Желба ни е да добиеме уште еден мандат

Објавено пред

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со дипломатски одговор пристапи кон новинарско прашање во врска со тоа дали се подготвени листи кои први четворица обвинители ќе бидат реизбрани од Советот на јавните обвинители, според предлог-законот за Јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме професионалци. Се надеваме дека цел тим ќе останеме уште еден мандат да работиме. Тоа ни е желба. Ги поддржувам сите мои колеги. Имаме уште 2 места кои се ослободени. Според одлуката на Советот на јавните обвинители, имаме право уште двајца колеги да бидат дел од тимот“, рече Јанева.

Таа додаде дека тоа ќе биде во ингеренции на Советот на јавните обвинители.

„Вие знаете дека во моментот кога бевме избрани јас и мојот тим пред 3 и пол години, не калкулиравме со тоа да останеме трјано“, рече шефицата на СЈО.

Македонија

Сиљановска положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата во Рим

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети базиликата Санта Марија Маџоре, во рамки на престојот во Рим по повод чествувањето на 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители.

dobivaj vesti na viber

Во базиликата таа положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и оддаде почит на гробот на Неговата светост, папата Франциск.

Претседателката, по посетата изјави дека е инспиративно да прочитате на македонски јазик, покрај на другите словенски јазици, дека без делото на Кирил веројатно тешко би се просветиле, бидејќи тој е носителот, промоторот на писменоста, а без писменост не можете ни умот, ни мислите да ги изразите.

За неодамна починатиот папа Франциск, со кој Сиљановска-Давкова, минатата година во Рим долго разговараше, нагласи дека тој ќе остане запаметен по неговата посветеноста, ерудиција, по блискоста до граѓаните, верниците, по длабоката верба во Бога, во мирот, човек посветен на обичните и на сиромашните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Владата воведе данок на иднината, а под хипотека се неколку идни генерации

Објавено пред

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања. Тоа е еднакво неодговорно и ако не знае, и ако ги крие информациите. Тоа не доликува на некој што треба да ја чува државната каса“, рече Филипче.

Пресметките на СДСМ покажуваат дека со вакво задолжување сериозно ќе се оптовари јавниот долг и ќе се стави товар на грбот на неколку идни генерации, додаде тој.

„Практично оваа влада воведува данок на иднината а под хипотека се ставаат неколку идни генерации“ рече претседателот Венко Филипче, повикувајќи на итна и целосна транспaрeнтност.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да не се делиме пред надворешните фактори – Мицкоски повика на единство

Објавено пред

Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, мисијата на Свети Кирил и Методиј нè потсетува кои сме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј во Црквата Света Софија.

dobivaj vesti na viber

Премиерот во обраќањето рече дека и на ваквите денови вообичаено во одредени кругови следи, се води дебата за тоа кои се Светите браќа, чии се, кому му припаѓаат, но нема никогаш да навлезе во таквата несуштествена реторика, затоа што ние самите не смееме да се поткопуваме себеси и најдобро знаеме кои сме, и од што сме создадени.

Мицкоски зборуваше и за надворешните напади, блокадите и негирањата со кои 30 години како држава се соочуваме. Вели дека овие напади се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење – нашето знаме, народ, химна, јазик, култура.

„Како човек и како претседател на Владата сум многу спокоен, затоа што знам кој сум, знам кои сме и што сме. И не треба да не вознемируваат таквите негирања, затоа што во глобалниот свет на поголеми и помали, на посилни и послаби, тоа е природен процес на докажувања. На помалите народи им преостанува да играат мудро и стабилно. А во однос на негирањата одговорот ќе го добијат и тие и сите други во оригиналните списи кои во оваа прилика се изложени на десетина метри од местото на овој мој говор. Со оригиналните ракописи на еден од многуте „големи“ за нашиот народ. Ѓоргија Пулевски еден од најзначајните личности во македонската историја, борец за национална самобитност, писател, револуционер и еден од првите што го истакнуваат постоењето на македонската нација и јазик, пред два века напиша: ‘Јас сум по народност Македонец, Македонците се народ, а не племе, и да сакаме да имаме свои книги, свој јазик и своја многу вековна историја’“, цитираше Мицкоски.

Премиерот се осврна и на домашните превирања, државните сопки кои ги правиме пред очигледните притисоци однадвор и ја истакна неопходноста за единство и обединетост. Да не се делиме пред надворешните фактори, и да не паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвна зрнца, повика премиерот. Замислете, рече Мицкоски, позиција каде власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и не поддршка од народот нема да ја надополнува преку попустливост пред оние предизвици коишто доаѓаат од надвор.

„Замислете каде ќе бевме сега доколку пред повеќе од 30 години направевме силни пактови со нашите стратешки партнери, западни сојузници, доколку тогаш и во сите години потоа не се делевме, не се каравме за стратешките цели и склучувавме пријателства од кој бенефит ќе имаа сите граѓани. Не одете подалеку, погледнете неколку од нашето соседство, кои имаа таков пристап, тие отидоа и подалеку и посилно, затоа што ги фатија и приграбија историските шанси. А да не заборавиме, додека сите тука заедно седиме во удобни одела, и меки седишта, во ниту еден момент не заборавајте дека народот живее тешко, мачно и некои процеси како иселувањето се многу болни и штетни. И ова не се случи од вчера, туку ова тивко умирање е најглавниот предизвик со кој мораме да се соочиме. Ова се проблемите со кои заспивам и се будам. Но воедно ова се проблемите за чие решавање треба сите заедно да работиме“, рече Мицкоски.

За да направиме квантни скокови, вели тој, потребно ни е градење на државно и национално единство. Подавање на рака, и клучна согласност за најважните прашања за татковината. Како што порача, нема поголем патриотизам од тоа да се обединиме за доброто на сите. Не за поединци, не за партии, туку за нашата татковина. Нашите победи се тивки, но длабоки, а ние сме народ кој многупати бил потценет, но никогаш покорен. Народ кој чекори исправено, рече премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Да не се делиме пред надворешните фактори – Мицкоски повика на единство

Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, мисијата на Свети...

Топ2 часа

Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат...

Македонија2 часа

Немаат симптоми лицата кои биле во контакт со заразените со мајмунски сипаници

Контактите на лицата позитивни на мајмунски сипаници не развиле никакви симптоми на заболување. Институтот за јавно здраваје информира дека нивни...

Топ2 часа

Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу...

Македонија5 часа

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Македонија6 часа

Сослушување на семејствата на загинатите во Кочани, ќе бидат повикани и да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија7 часа

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија8 часа

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...

Европа19 часа

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион20 часа

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ21 час

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија22 часа

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет22 часа

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија22 часа

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија23 часа

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија24 часа

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија1 ден

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија1 ден

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија1 ден

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...