Забава
Сиена Милер се опијани на забавата што се одржа пред Мет Гала
Познатата актерка Сиена Милер се опијани на забавата на која беше со своето момче, а светските папараци направија компромитирачки фотографии од актерката, кои набргу го обиколија светот.
Милер беше гостинка на прославата што се одржа еден ден пред доделувањето на Мет Гала во организација на Ана Винтур, уредничка на престижниот магазин „Вог“.
Таа толку се опијани, тврдат очевидци, што нејзиното момче ја влечеше до автомобилот. Поради сето ова, нејзините обожаватели беа многу загрижени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меган Маркл и принцот Хари предупредени за две сценарија доколку војвотката продолжи да го засенува војводата
Војводата и војвотката од Сасекс се најдоа на насловните страници за време на нивната посета на Нигерија, а тоа предизвика шпекулации бидејќи некои набљудувачи забележаа дека Хари изгледа „загрижен“ додека Меган навидум го краде центарот на вниманието. Ова беше првото официјално меѓународно излегување на дуото, по нивното драматично напуштање на кралските должности пред четири години.
Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб, како што обајвуваат британските медиуми, за оваа посета вели: „На 39 години Хари изгледа како да му е удобно на игра ‘втора виолина’ на неговата доминантна, 42-годишна сопруга. Меган е многу силен карактер, многу енергична и крајно амбициозна, а тоа се карактеристики кои што значат дека таа речиси секогаш ќе го засенува Хари и ќе го краде вниманието од него. Хари е целосно во нејзина сенка, но тој никогаш не се чувствуваше пријатно кога беше во центар на вниманието, никогаш вистински не уживаше во тоа“.
Следејќи ја динамиката на парот, д-р Сона Капур, клинички психолог вели дека од ваквото однесување, кога едната личност ја засенува другата во врската, се можни две сценарија како исход.
„Ако Хари е задоволен што Меган го надминува, тоа значи ‘силна самоувереност и взаемна поддршка’ Ако не се менаџира добро, тоа може да додаде притисок кој има потенцијал да предизвика чувство на несоодветност или огорченост. За успех, потребна е отворена комуникација меѓусебна поддршка и обезбедување сигурност дека двајцата партнери имаат можност да ги следат своите интереси и да блеснат“, објаснува Капур за британските медиуми.
Коментаторот Ларкомб посетата на Нигерија ја нарече „шоуто на Маган“ во кое Хари бил тргнат настрана, а Меган ја оцени како магнет за внимание.
Забава
Џејсон Момоа има нова девојка, тој е во врска со 12 години помлада актерка
Момоа, еден од најпосакуваните холивудски актери, повторно се бакнува.
44-годишниот актер ја потврди новата романса со објава на „Инстаграм“. Момоа ја посети Јапонија со пријателите, а меѓу фотографиите со друштвото беа и оние со новата партнерка, порториканската актерка Адрија Арјона.
„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови правејќи спомени со нови и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напиша тој во објавата.
Актерката е 12 години помлада од Момоа, а за актерот ова не е прва голема разлика во години. Имено, неговата поранешна сопруга Лиза Бонет е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и правно старателство над 16-годишната ќерка Лола и 15-годишниот син Накоа-Волф.
Арjона има и еден пропаднат брак зад себе. Во 2019 година актерката се омажи за својот партнер, со кого беше во долга врска, адвокатот Едгардо Каналес, но не е познато кога парот раскина.
Забава
Позната манекенка во Кан за малку ќе откриеше премногу во фустан со висок шлиц
Една од најбараните манекенки во светот, Ања Рубик, го привлече вниманието на Канскиот филмски фестивал со фустан со висок шлиц.
Рубик се појави на премиерата на Horizon: An American Saga, во режија на Кевин Костнер, облечена во фустан од Сен Лоран со висок шлиц. Изгледот го комплетира со едноставна фризура, нагласена шминка и високи потпетици, со кои дополнително ја истакна својата фигура.
Меѓутоа, за разлика од Бела Хадид и руската манекенка Наташа Поли, Рубик доби само пофалби од обожавателите.
„Само вие можете грациозно да го соблечете овој фустан“, „Толку сте жешки“, „Ги надминавте помладите колешки“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Рубик влезе во модната индустрија во 1998 година, а нејзиниот прв ангажман беше на Модната недела во Париз.
Досега има работено со многу луксузни модни брендови, меѓу кои Bottega Veneta, Marc Jacobs, Oscar de la Renta, Dior и многу други. Српскиот модел Саша Кнежевиќ ја побара за жена во 2010 година, а една година подоцна се венчаа на Мајорка. Сепак, тие се разведоа во 2015 година.