Забава
Патничка исфрлена од авион зашто одбила да гледа видео со безбедносни упатства
Патничка што одбила да гледа видео за безбедносен протокол и да го прочита летокот со инструкции за безбедносни правила е исфрлена од летот на компанијата „Ер Нов Зеланд“ од Вашингтон за Оукленд, пренесува „Гардијан“.
Жената, како што изјавиле преостанатите патници, седела во редот каде што се наоѓа безбедносен излез и упорно ги игнорирала инструкциите на стјуардесите и нивните обиди да ја натераат внимателно да го гледа видеото.
„Видеото почна и стјуардесата го подигна летокот со инструкции, а жената само ја спушти главата и читаше книга“, рекол еден од патниците. Потоа, според тврдењата на патниците, го зела мобилниот телефон во рацете и почнала да стиска по копчињата.
Стјуардеста љубезно ја прашала дали може да ги гледа видеото и упатствата, а жената, наместо тоа, ги покрила ушите со рацете. Другите патници ја молеле жената да ги послуша инструкциите за да не доцни летот, но таа упорно одбивала.
На крајот пилотот бил принуден да излезе од својата кабина и да ја исфрли од авионот жената, како и уште еден маж, кој бил во нејзино друштво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Позната манекенка во Кан за малку ќе откриеше премногу во фустан со висок шлиц
Една од најбараните манекенки во светот, Ања Рубик, го привлече вниманието на Канскиот филмски фестивал со фустан со висок шлиц.
Рубик се појави на премиерата на Horizon: An American Saga, во режија на Кевин Костнер, облечена во фустан од Сен Лоран со висок шлиц. Изгледот го комплетира со едноставна фризура, нагласена шминка и високи потпетици, со кои дополнително ја истакна својата фигура.
Меѓутоа, за разлика од Бела Хадид и руската манекенка Наташа Поли, Рубик доби само пофалби од обожавателите.
„Само вие можете грациозно да го соблечете овој фустан“, „Толку сте жешки“, „Ги надминавте помладите колешки“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Рубик влезе во модната индустрија во 1998 година, а нејзиниот прв ангажман беше на Модната недела во Париз.
Досега има работено со многу луксузни модни брендови, меѓу кои Bottega Veneta, Marc Jacobs, Oscar de la Renta, Dior и многу други. Српскиот модел Саша Кнежевиќ ја побара за жена во 2010 година, а една година подоцна се венчаа на Мајорка. Сепак, тие се разведоа во 2015 година.
Забава
Хороскопски знаци кои не сакаат да останат пријатели по раскинувањето
Раскинувањето на врската е тешко. Без оглед на тоа како завршила врската, останувањето пријатели по раскинувањето може да биде предизвик. Некои луѓе едноставно не можат или не сакаат да одржуваат контакт со поранешните партнери. Причината може да се интензивните емоции, потребата од нов почеток за продолжување или едноставно, нивните лични убедувања кои не им дозволуваат да останат во контакт со поранешните партнери. Во продолжение ви ги откриваме хороскопските знаци кои не сакаат да останат пријатели по раскинувањето.
Овен
Овните се познати по својата страсна и импулсивна природа. Кога врската завршува, Овенот често сака да продолжи понатаму, без никогаш да гледа назад. Нивната силна личност и потребата за независност не оставаат многу простор за одржување пријателски односи со бившите. Овенот сака да се фокусира на новите почетоци, а не на минатото.
Бик
Биковите се стабилни и лојални партнери, но штом ќе одлучат дека врската е завршена, тешко им е да одржуваат контакт со бившите. Поради својата тврдоглавост и потреба од емоционална сигурност, не сакаат да останат пријатели со бившите бидејќи целта им е да избегнат непотребни емоционални турбуленции.
Лав
Лавовите се горди и имаат силно чувство за самопочит. По раскинувањето, Лавовите често чувствуваат дека е најдобро целосно да се дистанцираат. Одржувањето пријателства со поранешните партнери може да им изгледа понижувачки. Лавовите претпочитаат да го задржат своето достоинство и да одат напред со самодоверба.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по своите интензивни емоции и страсна природа. Кога врската завршува, Шкорпиите ретко сакаат да останат пријатели. За нив раскинувањето често е болен процес, а пријателството со бившиот може само да ги продлабочи тие рани. Тие претпочитаат целосно да се дистанцираат за емоционално да се опорават.
Јарец
Јарците се сериозни и практични. Кога ќе одлучат дека врската е завршена, Јарците сакаат да го затворат тоа поглавје од својот живот. Одржувањето пријателства може да изгледа како бесмислено трошење енергија. Тие попрво ќе го насочат своето време и напор на идните успеси отколку на одржување на минатите врски.
Забава
Бејби Лазања откри што прави по Евровизија
Бејби Лазања откри што прави по Евровизија.
На „Инстаграм“ објави фотографија од музичко студио. Така стави до знаење дека по евровизиското лудило се фрли на создавање нова музика.
Новиот албум на Бејби Лазања ќе се вика Demons & Mosquitos и ќе излезе оваа есен.