Македонија
Османи: Договорот од Преспа е мало дипломатско чудо што станува пример за решавање билатерални спорови
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со делегација на Постојаната комисија за европски прашања на парламентот на Кралството Холандија, предводена од претседателот на Комисијата и шефот на делегацијата, Хаjке Велдман.
„Република Северна Македонија покажа исклучителна зрелост и подготвеност за почнување на пристапните преговори со Унијата, и тоа не само со исклучителните успеси во решавањето на поголемите отворени прашања со соседите туку и со интензитетот и квалитетот на спроведените реформи“, истакна Османи притоа посочувајќи на договорот од Преспа, неговото создавање, верификацијата и сега неговото спроведување, кое, како што рече, како мало дипломатско чудо сè повеќе станува пример за решавање билатерални прашања.
Тој на средбата нагласи дека постои сериозен напредок во имплементацијата на реформите во сите клучни области дефинирани од страна на Европскиот совет минатата година.
„Станува збор за напредок за кој е нотиран и соодветен трак-рекорд, кој е во постојана надградба“, додаде Османи посочувајќи притоа и на успешно спроведените претседателски избори во земјата.
Како што информираат од неговиот кабинет, на средбата биле отворени и темите поврзани со билатералната соработка помеѓу Кралството Холандија и државата, која се реализирала во изминатите две децении, а е во износ од над 150 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

