Контакт

Свет

ОН: Првпат во историјата на Земјата има повеќе старци отколку деца

Објавено пред

Големо истражување на Обединетите нации покажа дека животниот век на населението на Земјата е продолжен, но не се раѓаат доволно деца, па, така, на планетата денеска има повеќе стари лица отколку млади потомци, пишуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Кон крајот од 2018 година бројот на лица над 65 години го надминал бројот на помлади од пет години. Во моментот во светот има 705 милиони луѓе постари од 65 години и околу 680 милиони деца до четиригодишна возраст.

До 2050 година разликата ќе биде уште поголема

Научниците предвидуваат дека до 2050 година разликата ќе биде уште поизразена – на едно дете од четири години ќе има две лица постари од 65 години.

Растечкиот јаз, на кој демографите предупредуваат со години, сугерира дека во повеќето земји во светот се живее подолго, но бројот на новороденчиња е помал.

Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика на здравјето при Универзитетот во Вашингтон, предвидува дека во иднина ќе има помалку деца и многу повеќе луѓе над 65 години, што значително ќе влијае на глобалната одржливост на општеството.

Тој потсетува дека во 1960 година стапката на плодност била многу поголема. Во просек на една жена имало по пет деца. Денес, состојбата е сосема поинаква, а стапката на плодност е преполовена на 2,4 деца.

Пониската стапка на раѓања главно е поврзана со економскиот развој – стапката на морталитет кај децата е помала, средствата за контрацепција се подостапни, а одгледувањето и образованието на децата обично се многу скапи. Во развиените земји жените најчесто имаат деца на подоцнежна возраст, а со тоа имаат и помалку деца.

Демографите велат дека социо-економскиот напредок во шеесеттите години ги фаворизирал приновите. Во 1960 година луѓето живееле во просек малку повеќе од 52 години, а просечниот животен век во 2017 година достигнал 72 години.

Постарата популација е помногубројна во развиените земји во светот. Подобриот животен стандард пластично кажано значи дека луѓето во овие земји траат подолго. Најстара популација има Јапонија, каде што просечниот животен век се приближува до бројката од 84 години, што е највисока стапка во светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата мрежа Truth Social објави „писмо до сите народи на НАТО и светот“, во кое најавува дека е подготвен да воведе силни санкции кон Русија, но само доколку и сите земји на НАТО се усогласат и престанат да купуваат руска нафта.

dobivaj vesti na viber

„Подготвен сум да воведам големи санкции кон Русија кога сите земји членки на НАТО ќе се усогласат и ќе почнат да го прават истото, и кога ќе престанат да купуваат нафта од Русија. Во секој случај, јас сум подготвен да ‘тргнам’ кога и вие ќе бидете. Само кажете кога,“ порача Трамп.

Тој предложи и воведување царини од 50 до 100 проценти на Кина, кои би се укинале откако ќе заврши војната меѓу Русија и Украина. Според него, тоа би помогнало да се скрати руското влијание и побрзо да се стави крај на конфликтот.

„Ова не е моја војна, таа никогаш немаше да започне доколку јас бев претседател. Ова е војна на Бајден и Зеленски. Јас сум тука само да помогнам да се запре и да се спасат илјадници животи,“ додаде Трамп, наведувајќи дека само минатата недела, според неговите информации, во Украина и Русија загинале повеќе од 7.000 луѓе.

Последните недели Трамп значително ја заостри реториката кон државите кои и понатаму купуваат руска нафта, предупредувајќи дека со тоа ја финансираат војната во Украина. На почетокот на август тој воведе дополнителни царини од 25 отсто за Индија поради продолжување на увозот на руски енергенси, директно или преку посредници.

Истовремено, во повеќе наврати ги повика европските лидери целосно да го прекинат купувањето руска нафта, предупредувајќи дека Европа и натаму ѝ обезбедува на Москва милијарди евра годишни приходи.

Трамп предложи и Г7 и Европската унија да воведат високи царини за Кина и за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, истакнувајќи дека неговото „трпение кон Путин е при крај“.

Европската унија засега е воздржана кон идејата за воведување царини од 100 отсто на стоката од Индија и Кина, а според дипломатски извори, ваквите екстремни мерки најверојатно ќе бидат одбиени. Наместо тоа, ЕУ се залага за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, со забрана за краткорочни договори што би стапила во сила уште следната година.

Индија, пак, реагираше со критики, обвинувајќи ги САД и ЕУ за двојни стандарди. Владата во Њу Делхи истакна дека, додека ним им се префрла за увоз на руски енергенси, западните држави и понатаму имаат значителна трговија со Русија. И владејачките, и опозициските партии во Индија оценија дека е неправедно земјата да биде изложена на притисок додека слични практики се толерираат на Запад.

Прикажи повеќе...

Свет

Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени

Објавено пред

Во експлозија во кафуле во шпанската престолнина Мадрид во саботата, 14 лица беа повредени, од кои едно потешко, соопштија службите за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила во 15 часот во мадридската населба Ваљекас, според службите за итни случаи.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Објавено пред

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.

dobivaj vesti na viber

Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.

„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.

„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.

Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.

Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија8 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија9 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија9 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија11 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија12 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија13 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија14 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет17 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија18 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија19 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет20 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет21 час

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија22 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...