Црна хроника
Загинаа двајца во одделни сообраќајки

Во последното деноноќие, двајца го загубиле животот во две одделни сообраќајки што се случиле во битолско и струмичко, јави полицијата.
Во првиот случај, во вторникот околу 13,15 часот, на регионалниот пат Макази-Маркова Нога, кај село Раица-ресенско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ управувано од В.Н.(22) од Битола и моторцикл „кавасаки“, управуван од Горан Н.(32) од село Јанковец. Во несреќата, Горан Н. починал на самото место.
Во средата пак, , околу 4.45 часот, на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во близина на село Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Митко П.(62) од село Ново Село, автобус управуван од Т.Д.(42) од село Петралинци, струмичко и трактор управуван од З.З.(38) од село Секирник, струмичко.
Во незгодата на самото место починал Митко П, додека неговиот сопатник С.И.(18) од село Дабиле се здобил со тешки телесни повреди, а Г.М.(22) од Струмица со телесни повреди и истите се пренесени на лекување во МЦ Струмица.
Со телесни повреди се здобил и возачот на автобусот. Увид на лице место е извршен од страна од Истражен судија, Јавен обвинител и од Увидна екипа од СВР Струмица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.