Регион
Протести во Тирана против Вучиќ и Додик

Група граѓани се собраа вечерва во близина на зградата на претседателот на Албанија, во знак на незадоволство до доаѓањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, во Тирана на самит на западнобалканската ,,шесторка” во рамки на процесот Брдо-Бриони.
Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека Вучиќ и Додик се добредојдени во Тирана.Рама, коментирајќи го барањето на албанското радикално движење ,,Самоопределување” да ги прогласи за непожелни Вучиќ и Додик, на телевизија ,,Пинк” рече дека ,,Албанија е слободна земја” и дека гостите се добредојдени.
„Ова е слободна земја, секој има право да протестира и да заговара нешто коешто смета дека е исправно, но овој самит го организира претседателот и како свои гости ги има претседателот на Србија и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и тие се добредојдени”, рече тој.
Тој потсети дека во Уставот на Албанија има член кој вели дека ,,Албанија е куќа на Албанците, куќа на Бог и куќа на гостите”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот.
Итни служби веднаш беа испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. По пристигнувањето на местото на несреќата, го пронашле возилото во морето. Според спасувачите, телото на едно лице пловело, додека нуркачите извлекле уште три тела од морето. Во автомобилот имало двајца мажи и две жени.
Телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека, каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта и идентитетот на починатите. Полицијата потврди дека истрагата на лице место е завршена, но во тек е понатамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.
Според неофицијални информации, возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што укажува на можноста починатите да биле странски државјани, објави РТЛ. Ова ќе биде познато дури по официјалната потврда на идентитетите.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ збунето го бараше своето место на самитот во Данска, успеа да скрши стол

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблем со седењето, пишува Нова.рс.
На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што сите присутни се сместени, освен тој. Наместо да седне на своето место, Вучиќ разгледуваше наоколу како да не му е јасно каде дошол или каде му е местото, или поточно, каде треба да седне.
Додека збунето разгледуваше низ просторијата, барајќи некој да му помогне, но бидејќи никој не му пријде на помош, тој се обиде да седне на туѓо столче. Сепак, веднаш му беше кажано дека не може да седи таму бидејќи седиштето е зафатено.
Stalna blamaža i neverovatan propust našeg protokola. Tužni sirak među vihorove dok izgubljena savetnica Jović pokušava da nađe mesto za baskuznu figuru.
Nije smešno jer oni vode i uništavaju Srbiju 13 godina i zaista tako bude kad nesposobne i alave stavite da vode važne državne… pic.twitter.com/UmAHUUSKgq— Borko Stefanović (@BorkoStef) October 2, 2025
Конечно, некој му донесе столче, а претседателот Вучиќ успеа да скрши дел од столчето, во обидот да седне.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Србија под снег: делови од земјата затрупани, патиштата блокирани

Почетокот на октомври донесе вистински зимски услови во делови од Србија. На Копаоник паѓа снег од синоќа, а и други делови од земјата побелеа, вклучувајќи ги Ивањица и Голија, што предизвика први проблеми во сообраќајот, објавува Нова.рс. Денес ќе биде постудено од вчера, со повеќе дожд и снег.
Паднати дрвја и блокади на патиштата
На социјалните мрежи се појавија видеа кои сведочат за последиците од првиот снег во сезоната. Во близина на Ивањица, дрвја паднаа на патиштата под тежината на снегот, блокирајќи го сообраќајот. Видео објавено на Инстаграм ги прикажува граѓаните како сами отстрануваат паднато дрво за да го расчистат патот.
Поради зимските услови на патот, на возачите им се препорачува да бидат исклучително внимателни и да ги одложат непотребните патувања.
фото: принтскрин