Македонија
Заев на ифтарската вечер организирана од македонско-турската стопанска комора
Премиерот Зоран Заев вечерва беше гостин на ифтарската вечера по повод светиот месец Рамазан, организирана од страна на македонско-турската стопанска комора во нашата земја. На оваа ифтарска вечер покрај претседателот на македонско-турската стопанска комора, Ајдован Адемовски свое обраќање имаше и претседателот на Владата, Зоран Заев.
„Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Ве имам како семејство и ми претставува посебна чест што ме поканивте мене и владата да бидеме заедно со вас кога ги исполнувате Вашите свети должности.Должности кои повикуваат на молитва за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе.

Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што е заедничка вредност на многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера. Тоа е време кога го јакнеме духот за да го прифатиме фактот дека промените што сакаме да ги направиме – мора да започнат во нашите сопствени срца и во нашите заедници.Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница, Република Северна Македонија, како една држава, едно семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што како аманет ни ја оставија нашите претходни генерации.
Владата на Република Северна Македонија негува партнерски, но и пријателски однос со сите претставници на Стопанската комора МАТТО.Ова е уште една прилика да ги потврдиме и ги реафирмираме силните билатерални односи со Република Турција. Држава која е голем пријател на Република Северна Македонија и со која негуваме традиционално пријателство.Овие односи и пријателство постојано растат. Само во периодот јануари – февруари 2019 во споредба со истиот период лани со Република Турција имаме зголемување на обемот на трговска размена за 10.7%.
Драги пријатели, рамазанските пости нека ви донесат мир и благосостојба во вашите семејства и сила за сите идни потфати во вашите професионални проекти”, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
Македонија
Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.
-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

