Регион
Вучиќ: Во овој момент со години сме оддалечени од решение за Косово

Во Тирана почна лидерската средба од процесот Брдо – Бриони, на која е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ денеска истакна дека Белград и Приштина во овој момент се со години оддалечени од можно решение за косовскиот проблем, пренесе „Танјуг“.
Вучиќ во своето обраќање на состанокот на лидерите од процесот Брдо – Бриони во Тирана рече дека решение нема да се постигне за којзнае колку години.
„Тоа е лошо за српскиот и албанскиот народ, двата најголеми народа на Балканот. Сите ни викаа нè правете ова, немојте она, не менувајте ги границите и слично, секој го гледаше само својот интерес, иако се работи за важно прашање за нас, а не за некој друг“, рече српскиот претседател.
Вучиќ истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е блокиран и тој се надева оти нема да се чека засекогаш за да се најде решение. Според него, дефинитивно, ќе треба долго време да се најде решение за српско-албанските односи.
Вучиќ синоќа пристигна во Тирана во атмосфера на напнатост предизвикана од изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека со албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на регионалната средба, зборувал за обединување на Албанците, целосно отворање на границата меѓу Албанија и Косово и соединување на Прешевската Долина во јужниот дел на централна Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.