Македонија
(Видео) ДКСК ќе ги истражува бизнисите на Заев, Анѓушев и на Манчевски

Антикорупциската комисија отвори 6 предмети по пријави од ВМРО-ДПМНЕ, од кои некои се поврзани со премиерот Зоран Заев за случаите познати како „Поткуп“ и „Глобал“, како и за т.н. бугарски фирми. Предмет се отвора и за легализирањето на хациендите „Цареви Кули“. Објаснувањето на ДКСК зошто отвораат предмети што имаат судска разрешница е дека има пријава за овие случаи. Од антикорупциската комисија наведуваат дека ќе го истражат случајот и ќе видат дали и за кои предмети има судска разрешница и дали ќе го затворат предметот.
Има и предмет поврзан со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и за вицепремиерот Кочо Анѓушев.
За Анѓушев ќе се истражува како било дадено под закуп земјиште за изградба на хидроелектрана на фирмата „Тополки“ во сопственост на неговиот брат Тодор Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.