Свет
Силен земјотрес во Јапонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/zemjotres.jpg)
Земјотрес со јачина од 6,3 степени го стресе утрово југозападниот дел од Јапонија, но засега нема извештаи за жртви и штета.
Јапонската метеоролошка агенција не издаде предупредување за цунами, иако беше кажано дека би можело да дојде до промена на нивото на морето, јави АП.
Земјотресот се случи во близина на Мијазаки, главен град на истоимената област со 400.000 жители.
Епицентарот бил на длабочина од 23 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Василиј Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на вистинската природа на нацистичките злосторства во СССР
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/fv.jpg)
Русија ќе бара официјално меѓународно признавање на вистинската природа на злосторствата на нацистичка Германија против народите на СССР, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.
На прашањето на РИА Новости дали Русија планира да поднесе до Генералното собрание на ОН резолуција за геноцидот врз советскиот народ за време на Втората светска војна, тој одговори дека „усвојувањето на резолуцијата за Сребреница (во Генералното собрание на ОН во мај) стана преседан, што секако ќе влијае на понатамошни дискусии за признавање на други историски трагедии како акти на геноцид“.
Тој потсети дека еден од „главните спонзори на овој контроверзен документ била Германија“.
Свет
Кремљ: Изјавата на Столтенберг за нуклеарното оружје е уште една ескалација на тензиите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/Kremlj.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ја оцени изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за можноста за ставање во состојба на готовност нуклеарното оружје на Алијансата како уште една ескалација на тензиите.
„Тоа не е ништо повеќе од уште една ескалација на тензиите“, изјави Песков за новинарите, а пренесува РИА Новости.
Столтенберг претходно изјави дека НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност, наведувајќи дека транспарентноста во тој случај е одвраќање.
Регион
Брнабиќ: Јавноста не е свесна за опасноста по животот на Александар Вучиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/бенабиќ.jpg)
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска во интервју за телевизијата Хепи изјави дека „јавноста не е свесна за опасноста по животот на Александар Вучиќ“, пренесува Нова.рс.
Нејзината изјава уследи по објавувањето на наводната преписка на осомничените членови на нарко-картел во Црна Гора.
Брнабиќ истакна дека „Александар Вучиќ е единствената бариера за таа мафија“.
„Заканата по животот на Александар Вучиќ постои се додека Радоје Звицер е на слобода“, предупреди таа.
Звицер е водач на озлогласениот Kавачки клан.
Тој е поврзан со бројни убиства, продажба на дрога и други злосторства. Во мај 2020 година, Звицер беше застрелан среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајца вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле.
Тој е во бегство од февруари 2021 година, кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во септември 2022 година се појави информација дека е убиен во Панама, но подоцна беше демантирана.
Брнабиќ истакна дека Вучиќ „не е само бариера за спречување на организираниот криминал и мафијата да ги заземат Србија и регионот, туку и гаранција за безбедноста“. Како пример таа наведе дека, според податоците на Народната банка на Србија, до 10 јуни во Србија пристигнале „над две милијарди евра приливи на директни странски инвестиции“.