Македонија
(Видео) ДКСК ќе поведе прекршочна постапка за пратеничката од СДСМ, Тања Ковачев

Антикорупциската комисија ќе проверува 36 вработувања во УЈП ангажирани преку Агенцијата за привремени враборувања.
Меѓу вработените се и сопругата на директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, и сестрата на пратеничката Тања Ковачев, Катерина Јакимовска. Од директорката на УЈП, Сања Лукаревска, антикорупционерите ќе бараат дополнително преиспитување за начинот на кој се вработиле овие лица и ќе алармираат до Владата да престане праксата на масовно ангажирање лица преку агенциите за привремени вработувања бидејќи се појавува сомнеж дека станува збор за партиски вработувања.
ДКСК одлучи да поведе и прекршочна постпка за пратеничката Тања Ковачев затоа што не известила дека нејзиниот сопруг е вработен во АД „Аеродроми“. Ќе се проверуваат и уште пет вработувања во оваа институција, а извештајот од ДКСК ќе го достават и до Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во среда и четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Македонија
На граничниот премин Богородица се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа амандманите за помош на настраданите во Кочани и за справување со пожарите

Власта нема слух за основните проблеми на граѓаните, ниту демократски капацитет да ги сослуша забелешките, да ги разгледа внимателно предлозите и врз основа на тоа да донесе одлуки во интерес на граѓаните, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прeс-конференција, откако пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, не ги поддржаа двата амандмани што ги поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства во пожарот во дискотеката „Плус“ во Кочани и за справување со пожарите.
Спасовски истакна дека СДСМ посочи дека се работи за клучни собраниски амандмани за две приоритетни работи во државата и тоа за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства и повредените од пожарот во дисктеката „Пулс“ во Кочани, со коишто беа предвидени финансиски средства за обештетување на семејствата на починатите,како и за повредените од пожарот.
„Вториот амандман којшто го поднесовме беше за справување со пожарите. Оваа влада покажа крајна некапацитетност во однос на справувањето со пожарите, секојдневно имаме пожари. Сметавме дека нема поголем приоритет од тоа сите заедно таа обезбедиме финансиски средства преку овој ребаланс, којшто пред се ќе значат зголемувањето на бројот на пожарникарите и нивните плати, како и дополнителна опрема“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека ова беше можност сите заедно во Собранието да покажат дека врвните приоритети не познаваат политички или било какви други разлики.
„За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не ги поддржаа ниту овие два амандмани како врвен приоритет, а имајќи во предвид дека сите други амандмани коишто сметавме дека не може да бидат ваков приоритет како што се амандманот за Кочани за пожарите ги повлековме, токму во функција да понудиме две приоритетни области во коишто сите заедно ќе успееме да се соединиме или да пружиме рака за соработка. Мислам дека денеска во Собранието се пропушти уште една можност да покажеме единство и да покажеме дека проблемите на граѓаните и она што ни се случува сега во државата, да ни бидат заеднички приоритет“, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.