Контакт

Вести

Столтенберг: НАТО не сака конфронтација со Русија, но нема да прави компромиси

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг кој во средата застана на чело на Северноатлантскиот сојуз, на својата прва прес-конференција ги посочи како „главни безбедносни предизвици“ за Алијансата дејствијата на Русија во Украина и на Исламската дражва во Ирак, истакна дека сојузот нема да се стреми кон конфронтација со Москва но и дека нема да прави компромиси во сферата на безбедноста.

dobivaj vesti na viber

Јенс Столтенберг, кој на функцијата го замени Данецот Андерс Фог Расмусен кој беше генерален секретар на НАТО од 2009 година до 30-ти септември 2014-та, изјави дека главен приоритет на Алијансата во следните години ќе биде „нејзиното зајакнување и консолидација на колективната одбрана“.

„Развојот на нашите воени способности, забрзувањето на нашата способност да одговориме на кризите ќе му овозможи на НАТО да одговори на секоја закана, од исток или од југ“, истакна Столтенберг.

„Одлуките донесени во Велс ќе обезбедат НАТО да биде подготвен за иднината. Мојата одговорност е да ги спроведам тие одлуки“, рече новиот челник на Алијансата.

Според новиот генерален секретар на НАТО, структурата на првичните групи од составот на силите за брзо реагирање на сојузот „ќе биде разработената на средбата на министрите за одбрана на 28-те земји членки на НАТО“ којашто ќе се одржи во февруари 2015 година.

Одлуката за формирање на првичната група од силите за брз одговор во бројност од неколку илјади војници или Акцискиот план за подготвеност (RAP), беше донесена на самитот на НАТО во Велс кој се одржа на 4-ти и 5-ти септември. Главната задача на овие сили е нивната можноста да се распоредат за извршување на борбени задачи во рок од неколку дена.

Намерата на оваа иницијатива е да се пружи чувство на сигурност на земјите од поранешниот советски блок кои му се придружија на НАТО последните 15 години, особено на Полска и балтичките држави Латвија, Литванија и Естонија.

„Најважната задача на НАТО е заштитата и одбраната на нашите држави од напад. Членот 5 од Северноатлантскиот договор останува каменот темелник на нашиот Сојуз. Ќе се придржуваме на нашите обврски и ќе ги браниме нашите сојузници. Оттаму, потребен ние е силен НАТО, и како политички сојуз и како воен сојуз“, порача Столтенберг.

Тој изјави дека претпладнето на состанокот на Северноатлантскиот совет разговарал за промените во безбедносните состојби. Според Столтенберг, прекинот на огнот во Украина договорен на 5-ти септември во Минск е можност за стабилизирање, но истакна и дека тој е кревок. „Гледаме перспектива во примирјето, но исто така гледаме нарушување на прекинот на огнот и можеме да констатираме дека стабилноста во таква ситуација не е сигурна“, рече.

Додаде, исто така, додаде дека на јужните граници на Алијансата се шири нестабилност, каде што „меѓународната коалиција која го вклучува и НАТО презема решителни чекори“ против терористичката група Исламска држава. Како своите три приоритети ги истакна зачувувањето на силен НАТО, обезбедувањето силен соседство низ соработка со партнерите и чување на цврстите врски меѓу Европа и Северна Америка.

Главен предизвик за евроатлантската безбедност според Столтенберг, е кризата во Украина.

Како што нагласи Столтенберг, НАТО не сака конфронтирање со Русија, меѓутоа Алијансата нема намера да прави компромис за безбедносните прашања. Според него, Сојузот е насочен кон конструктивно партнерство со Москва, меѓутоа инсистира на тоа „руската страна да престане да ги повредува меѓународните стандарди во Украина“.

„На самитот јасно го кажавме нашиот став. НАТО не бара судир со Русија, но не можеме и нема да правиме компромиси околу принципите на коишто се темели нашиот сојуз и безбедност ана Европа и на северна Америка. Ние и натаму ќе ја поддржуваме независна, суверена и стабилна Украина. Секоја европска држава мора да има слобода самата да одлучи за својата судбина. Потребна ние е јасна промена во руското делување. Промена којашто ќе покаже дека го почитува меѓународното право“, рече Столтенберг.

Додаде дека доколку руската страна би предложила во блиска иднина да биде одржан состанок на Советот НАТО – Русија, Алијансата е „подготвена отворено да одговори на тој предлог“.

„Јас не гледам никаква противречност меѓу создавањето силен НАТО и развивањето конструктивни односи со Русија. Само Алијанса силна како во воена, така и во политичка смисла може да изгради такви односи“, посочи Столтенберг.

Според генералниот секретар, силите на НАТО „ќе останат на источната граница, толку долго колку што ќе биде потребно“. „НАТО ќе го продолжи своето воено присуство на источната граница на алијансата на основа на ротирање. Воздушните патроли, поморските сили и вежбите ќе продолжат онолку колку што е потребно. НАТО е убеден во својата способност да одговори на секаква закана“, истакна Столтенберг.

Најави дека Алијансата до крајот на годинава ќе ги основа четирите фондови за поддршка на Украина за чие воспоставување беше донесена одлука на самитот во Велс. „Фондовите ќе бидат искористени во четири области: кибернетика, логистика, командување и рехабилитација на војниците“, потсети новиот генерален секретар на НАТО.

Столтенберг, покрај другото, рече и дека „Русија и натаму има можност да ја дестабилизира Украина и не ги извршува целосно своите меѓународни обврски“. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет1 час

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет2 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет8 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет8 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет13 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет14 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет23 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...