Контакт

Вести

Обама ја откажа посетата на Таџ Махал за време на престојот во Индија

Објавено пред

Причината за откажувањето на посетата на Барак Обама на познатиот мавзолеј Таџ Махал е скусувањето на неформалниот дел од посетата на американскиот претседател на Индија, пренесува во саботата руската агенција ТАСС повикувајќи се на изјава на секретарот на администрацијата на индиската сојузна држава Утар Прадеш, Навнит Сегал.

dobivaj vesti na viber

Претходно во четвртокот беше објавено дека разузнавачките служби на Индија располагаат со информација за подготвување терористички напад за време на тридневната посета на земјата, од 25-ти до 27-ми јануари, на американскиот претседател Барак.

Говорејќи за причините за откажувањето на посетата на Барак Обама, Навнит Сегал рекол дека од аспект на обезбедувањето на безбедноста и другите потреби од индиска страна „нема никакви основи да се откаже посетата на претседателот на САД на Агра“. Повикувајќи се на извор во индиската влада, тој додал дека „сосема е возможно Обама да ја напушти Индија порано од планираното, за сметка на скусување на програмата за посета и разгледување на знаменитостите“.

Според овој функционер, многу е веројатно дека скусувањето на програмата на посетата на американскиот претседател на Индија е донесена во согласност од двете страни по напори на безбедносните служби и поради големото внимание што ја предизвика најавата за престојот на Обама во Њу Делхи. Имено, во американскиот печат се покрена бран од критики на адреса на претседателот во врска со тоа дека неговата посета повеќе има карактер на туристичко патување и не ветува позначајни резултати за развој на односите меѓу двете големи земји, бидејќи беше обајвено дека за време на тридневниот престој нема да биде потпишан ниеден договор за соработка меѓу САД и Индија. Индискиот печат, пак, го критикуваше Обама дека безбедносниот протокол за претстојната посета предизвикал големи проблеми и непријатности за локалното население, од масовно чистење од луѓе на улиците и нивно блокирање, затворање на многу продавници и локали, блокирање на мобилната телефонија на територијата на градот Агра.

Одлуката за откажување на посетата на Таџ Махал била донесена, очигледно претходно, според индиските медиуми, бидејќи во саботата утрото на територијата на Агра веќе немало ниеден од 100-те припадници на американските специјални служби кои претходните денови биле распоредени на разни локации низ градот. Тие заедно со 4.000 индиско колеги беа ангажирани за осигурување на безбедноста на американскиот претседател и неговото семејство во текот на посетата на светски прочуениот мавзолеј Таџ Махал.

Биле повлечени, исто така, и противвоздушните системи, снајперистите и единиците на индиските командоси кои биле распоредени по должината на улиците во Агра, на покривите и на сите крстосници. Во саботата било забележливо дека се демонтираат и камерите за надзор кои биле инсталирани деновиве по целата должина на 11-километарскиот пат од аеродромот Агра до Таџ Махал.

Претходно во четвртокот беше објавено дека разузнавачките служби на Индија располагаат со информација за подготвување терористички напад за време на тридневната посета на земјата, од 25-ти до 27-ми јануари, на американскиот претседател Барак Обама за што било писмено известено индиското министерство за внатрешни работи. Според извештајот, во периодот на престојот на американскиот претседател во Индија, џихадистички борци планирале да извршат терористички чин во еден од најпопуларните и најбогати храмови во јужната деловна индиска престолнина Мумбаи. Особено, според добиени докази и информации, екстремистите имале намера да предизвикаат голема експлозија и масовни жртви во храмот Сидхивинајак, и наводно за тоа во градот веќе биле распоредени четири групи обучени за извршување диверзии.

Во врска со ваквите информации, полицијата во Мумбаи била ставена во состојба на зголемена подготвеност, пишуваше во четвртокот весникот The Times of India, повикувајќи се на неименувани полициски извори. Според официјални претставници на безбедносните служби, најверојатен датум за извршување на терористичкиот напад бил одреден 27-ми јануари, кога во храмот посветен на богот Ганеша (или Ганапати, божество на мудроста и благосостојбата), се собираат маси хиндуистички верници.

Според оперативните сознанија на индиското разузнавање, спонзорирани од Пакистан терористи од џихадистичките групи Џамаат-уд-Дава, Лашкар-е-Тајиба, Џаиш-е-Мохамад и Хизбил Муџахидин, веќе биле распоредени на територијата на Индија. На тамошната полиција, според написот, и’ било познато и во кои сојузни држава се наоѓала секоја од групата џихадистички милитанти, и тоа првата во Махараштра, втората во Раџастан, третата во Утар-Прадеш и четвртата во Ориса./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет3 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет3 часа

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа3 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет13 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија15 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ15 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија19 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија22 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија22 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија23 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија24 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет24 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет1 ден

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија1 ден

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија1 ден

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...