Контакт

Вести

Боко Харам контролира 25 градови во североисточна Нигерија

Објавено пред

Радикалната исламистичка група Боко Харам ја преземала контролата на најмалку 25 градови во североисточна Нигерија, изјави за AFP католички бискуп од таа област, загрижен за наглото влошување на безбедносната ситуација.
 

dobivaj vesti na viber

Радикалната исламистичка група Боко Харам ја преземала контролата на најмалку 25 градови во североисточна Нигерија, изјави за AFP католички бискуп од таа област, загрижен за наглото влошување на безбедносната ситуација.

 

Според бискупот Оливер Даше, последниот месец во рацете на бунтовниците паднале десет градови во сојузната нигериска држава Јоба, исто толку во државата Борно и пет во Адамави. Исламистите тврдат дека исто како и џихадистичката Исламска дражва во Сирија и во Ирак, на ова подрачје во Нигерија воспоставиле калифат.

На Нигерија и’ е потребна меѓународна помош во решавањето на овој проблем, рекол бискупот Даше, кој во средата говореше на конференцијата на нигериските католички бискупи во Вари, во делтата на реката Нигер, во јужниот дел од земјата. „Како држава речиси ја загубивме оваа битка. Колку побрзо ќе се обединиме како Нигеријци, без оглед на верата, националноста и регионалните, културните и идеолошките разлики, тоа ќе биде подобро за нас“, истакнал бискупот.

Нигериската влада засега негира дека во судирот со Ноко Харам загубила контрола над дел од териториите и ја оценува како „бесмислица“ изјавата на Абубакар Шеку, лидерот на оваа исламистичка група, според кој градовите се заземени во текот на август и вклучени се во калифатот.

Многу е тешко независно да се проверат информациите за заземањето на селата и градовите во споменатите области со коишто речиси е невозможно да се стапи во контакт преку телефонските линии, истакнуваат локалните медиуми и странските агенции. Повеќето информации доаѓаат од населението коешто во илјадници ги напушти своите домови и пребега во другите области.

Нигериската армија на почетокот од септември призна дека бунтот на Боко Харам му се заканува на суверенитетот на земјата. Меѓутоа тврди дека ја преземала контролата над повеќе градови.

Бискупот Даше ја обвини владата за „речиси целосна пасивност“ во околности на сé поголема несигурност и за „рамнодушност“, додека момчиња насилно се врбуваат во исламистичките групи а жените насилно се венчаваат за бунтовниците. „Владата (…) нé разочара, ја загубивме сета доверба во владата и во нашите челници“, заклучи бискупот.Боко Харам пет години води вооружен бунт, главно концентриран во североисточна Нигерија. Само досега во 2014 година Боко Харам ја презема одговорноста за смртта на повеќе од 2.500 луѓе во цела Нигерија. Кога во 2009 година првпат јавно го призна своето постоење, оваа радикална исламистичка група којашто некои ја сметаат за секта, ги напаѓаше само христијаните во желбата да ги протера или преобрати за од Нигерија да направи исламска држава во којашто ќе владее шеријатот, меѓутоа од 2013 година цел ѝ се и припадниците на безбедносните сили и цивилите, како христијани, така и муслимани.

Боко Харам инаку е основана во 2002 година како секта на салфитите, кои во прво време сакаа да прогласат исламска држава во северна Нигерија. Од тогаш, според нигериските власти, во нејзините терористички акти загинале над 10 илјади луѓе. Групата којашто го забранува западниот модел на образование, а особено на жените, извршува напади и врз училишни комплекси и интернати, а во еден таков од април годинава градот Чибок киднапираше 276 ученички од кои успеаја да побегнат 57, но судбината на 219 сѐ уште е непозната.

Исламистичката групација Боко Харам е активна во северните и централните делови на Нигерија каде што мнозинството население се муслимани, и се залага за укинување на западниот модел на образованието и воведување на строгите шеријатски прописи во целата земја. Групата која е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, ја презема одговорноста за многу терористички напади и стои зад други вооружени напади врз верски објекти и села.

Иако нигериската армија објави дека е ликвидиран лидерот на Боко Харам, Абубакар Шеку, веројатно во периодот меѓу 25-ти јули и 4-ти август 2013 година, од раните што ги здобил во размена на огнот со безбедносните сили, исламистите од оваа група не престануваа со нападите. Наводната смрт на Шеку не влијаеше позначително врз намалувањето на интензитетот на акциите на исламистите, но сепак Боко Харем дејствува помалку моќно откако претседателот Гудлак Џонатан минатата година прогласи вонредна состојба во три северни сојузни држави и во мај 2013 година покрена офанзива против групата. Бунтот во почетокот беше ослабен со овие операции, меѓутоа и натаму има спорадични герилски напади. Подоцна се покажа и дека смртта на Шеку била непотврдена информација.

Во Нигерија последните месеци се разжестува бунтот на исламистите чии упоришта се во североисточниот дел од земјата, каде што е прогласена вонредна состојба. Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12-тe провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓу муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.

За нападите врз христијаните во Нигерија одговорноста редовно ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам, основана во 2002 година која бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларен модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и врз седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа. Боко Харам е обвинета за убиствата на повеќе од илјада луѓе во терористичките напади коишто ги интензивираше од 2009 година.

Нигерија е составена од вкупно 36 сојузни држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ.

Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, само во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.

Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron”, „Shell” и други нафтени компании./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет5 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија6 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија6 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија6 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија7 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија8 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија9 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија9 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ9 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија9 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет10 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија12 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија13 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет13 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија14 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет14 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет16 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија16 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...