Спорт
Ѓоковиќ го „скрши“ Тим во два тај-брејка
Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Првиот носител по два часа и 22 минути, во два тај-брејка (7/6, 7/6) го победи минатогодишниот финалист Доминик Тим.
Брилијантен меч одиграа српскиот и австрискиот тенисер на „Маноло Сантана“ теренот во Мадрид. Тим во двата сета прв доаѓаше до брејк, но Ѓоковиќ два пати успеваше да се врати и да направи пресврт. На крајот токму брејк топките пресудија за конечниот исход.
Ѓоковиќ имаше три брејк шанси и сите ги искористи, додека Тим реализираше само три од 10 брејк топки.
Во двата тај-брејка пресуди искуството на Ѓоковиќ.
На крајот Ѓоковиќ заврши со 17 винери и 26 неизнудени грешки, додека тој однос кај Тим беше 26/39.
Србинот во финалето (утре, 18.30 часот), ќе игра против победникот од мечот помеѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута.
Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок на почетокот на акцијата.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираа зошто голот е поништен. Судиите рекоа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш ние не би го завршиле натпреварот со 11 играчи. Можеме да зборуваме за играта или за одлуката, таа му штети за на фудбалот“, рече Покетино.
Спорт
(Видео) Два гола и две асистенции, Меси го реши Њу Ингланд
Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија.
Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби на првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум асистенции.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.
In case you guys missed…here's highlights of Lionel Messi vs New England Revolution | 2 goals and an assist🐐pic.twitter.com/hu4l8fhgvq
— SK10 𓃵🇵🇸 (@SK10_Football) April 28, 2024
Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.