Спорт
Ѓер и Ростов ќе се борат за европската круна
Рaкометарките на Ѓер ќе ја бранат европската титула во утрешното финале против Ростов Дон. Во полуфиналните натпревари Ѓер го декласираа Кристиасанд 31-22 , а Ростов го победија Мец 27-25.
Во првото полу-финале на голот на Ѓер блескаше поранешната вардарка Амадин Лејно со 13 интервенции. Во нападот кај шампионките се истакна Кери Братсет со осум гола.
Во вториот натпревар Росотв создадоа предност од осум гола во првиот дел, во вториот Мец се обидоа да направат пресврт но без успех, иако неколку пати се доближија на негатива од два гола.
Вјакхирева го предводеше Ростов со осум гола, а пет погодоци постигна Абинг. Кај Мец се истакна Зади со седум гола.
foto/epa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лајпциг го растури Дортмунд
Елиф Елмас од клупата за резерви ја гледаше победата на Лајпциг над Борусија Дортмунд (4:1), во 31.коло во Бундес лигата. Извесно е дека Лајпциг сезоната ќе ја заврши на четвртото место, Дортмунд е на петтата позиција, но ќе игра во Лигата на шампионите, бидејќи во новиот формат Бундес лигата ќе партиципира со пет екипи.
„Милионерите“ подобро влегоа во натпреварот, надмоќта ја крунисаа со евро-голот на Џејдон Санчо во 20.минута. Останатиот дел од натпреварот мина во доминација на Лајпциг.
Три минути подоцна изедначи Опенда. Во финишот на првото и почетокот на второто полувреме„биковите“ го скршија отпорот на противникот.
Шешко во втората минута од судиското надополнување на времето го постигна вториот гол, а Симакан во 46. зглеми на 3:1. Точка на натпреварот стави Баумгартнер во 80.минута.
Резултати 31. коло:
Баерн Минхен-Ајнтрахт 2.1
Аугсбург-Вердер 0:3
Фрајбург-Волфсбург 1:1
Спорт
(Видео) Салах и Клоп се скараа: Ако прозборам, ќе биде жестоко
Мохамед Салах, играчот на Ливерпул, не сакаше да застане и да даде изјава во микс зоната по мечот со Вест Хем (2:2). Напаѓачот на Ливерпул на минување на новинарите им кажа само една реченица.
„Ако прозборам, ќе биде жестоко“, порача Салах.
Неочекувано, Салах, натпреварот со Вест Хем го почна од клупата за резерви, а шанса да се најде на теренот доби дури во 79.минута. Кога влегуваше во игра имаше што да му каже на тренерот Јирген Клоп, па целата ситуација мораше да ја смири Дарви Нуњез.
„Ќе разговараме во соблекувалната, пред момците“, изјави Клоп.
Договорот на Египќанецот истекува следното лето, а минатата година беше блиску до заминување во Саудиска Арабија. Впечатокот е дека ги минува последните денови во Ливерпул, исто како и Клоп.
LEAKED: The pitch-side microphones picked up the sound of the argument between Klopp and Salah… pic.twitter.com/6ceIFBMFIi
— Not Match of the Day (@NOT_MOTD) April 27, 2024
🗣️ Mo Salah on his argument with Jurgen Klopp. “If the speak there will be fire.”
🎥 via @j_castelobranco pic.twitter.com/0hzlr4XuUH
— Ben Jacobs (@JacobsBen) April 27, 2024
Спорт
Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин
Хорхе Мартин го освои првото место на спринт трка во Херез во рамките на Мото ГП шампионатот.
Шпанецот на Прамак Дукати беше убедлив, максимално ги искористи проблемите со кои се соочија неговите конкуренти и на крајот ја мина целта за 19:52.682 минути.
На второто место со речиси три секунди заостанување се најде младиот Педро Акоста (ГасГас) кој продолжи да постигнува одлични резултати во својата прва сезона во кралската класа.
Блесна и тоа не по своја вина и Фабио Кваратараро. Светскиот шампион со Јамаха од 2021 година од 23. дојде до третото место.
Спринтот во Херез сигурно е една од најинтересните и најчудните трки во Мото ГП во последните 10 години.
Буквално сите кандидати за висок пласман паднаа, а само Марк Маркез успеа да се врати и да ја продолжи трката. Шпанецот којс тартуваше од пол-позицијата, првото место го загуби во првите неколку свиоци.
Сепак не се откажа, во деветтиот круг успеа да го мине Мартин, но на чело на трката беше само еден круг, бидејќи падна, се врати на патеката и на крајот го освои осмото место.
Трката не ја заврши ниту актуелниот шампион, Пеко Бањаја, исто како и Вињалес, Басијанини, Алекс Маркез, Биндер…