Македонија
Груби: ДУИ нема да испорачува никакви фактури, Пендаровски е наш претседател
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби од прес-центарот на Собранието му ја честиташе новата функција на претседателот Стево Пендаровски и рече дека со неговиот избор конечно ќе тргнеме по патот на едно големо помирување со сите политички фактори во државата.
,,По 10 години владеење на Иванов дојде време на позитивни промени, при што сите политички фактори, почнувајќи од владата, општините, сега и претседателот ќе бидат сконцентрирани кон Запад – правецот кој што е вистинскиот за државата”, рече Груби.
Во однос на политичките кредити за кои предупреди Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе треба да ги исплати новиот претседател и СДСМ, Груби рече: ,,Пендаровски е наш кандидат. Неможеме да испорачуваме фактури кон наш кандидат. Единствената фактура којашто ја испорача ДУИ се резултатите на изборите и што успешно ДУИ ги испорачува од 2014 година”.
За отсуството на премиерот Зоран Зоран на инаугурацијата тој рече: ,,Ќе треба да го прашате него зошто така одлучил. Тој имаше видео-изјава, но не сум ја видел, а зошто и како одлучил да не присуствува, ќе треба да го прашате него лично”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

