Македонија
Џафери и Мета очекуваат двете земји да добијат датум за преговори со ЕУ во јуни

На денот на свечената инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, меѓу присутните странски државници на инаугурацијата беше и претседателот на Република Албанија, Илир Мета. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари на претседателот Мета, за присуството на оваа свечена седница, на овој голем ден за нашата земја, на кој ден се означува успехот на новоизбраниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски по изборниот процес завршен на 5 мај 2019 год, со што тој е избран како петти претседател на земјата.
Претседателот Мета, се заблагодари на поканата и изрази задоволство за успешно спроведените претседателски избори во Република Северна Македонија а на новиот претседател на државата му посака успех во исполнувањето на неговата значајна должност.
Двајцата соговорници беа едногласни во однос на продолжувањето на одличните односи на сите нивоа и во иднина, и дека очекува заедно со Република Северна Македонија да добијат и конкретен датум за почеток за преговорите за членство во ЕУ во јуни оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.