Регион
Опозициски кандидат ја повлече кандидатурата за градоначалник на Истанбул
Еден од кандидатите на опозицијата за градоначалник на Истанбул, Муамер Ајдин денеска објави дека ја повлекува својата кандидатура на повторените избори што ќе се одржат следниот месец.
„Се повлекувам од листата на Демократската левичарска партија (ДСП) за градоначалник на Истанбул“, напиша Ајдин на Твитер. Неговата одлука може да се протолкува како отстапка за Екрем Имамоглу, кој на изборите во март освои најголем број гласови, пренесе „Ројтерс“.
Како што се наведува, неодамнешната победа на Имамоглу беше прва загуба за партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул, по 25 години.
Ајдин на изборите освои 30.000 гласови, но засега е непознато дали гласачите на ДСП ќе го поддржат Имамоглу на 23 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) При обид да го ограби: фрижидер со пиво уби маж во Србија
Г.Т. на возраст од шеесет години загинал при обид да ограби локална продавница во Србија, кога врз него паднал фрижидерот од кој земал пиво.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Трстеник го уапсија С. П. (49) од ова место, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела изложување на опасност и тешка кражба во обид.
„Тој е осомничен дека не му помогнал на Г.Т.(60) кој бил удрен од фрижидерот пред локална продавница кој, како што се сомневаат, заедно се обиделе да го ограбат. Од здобиените повреди Г.Т. починал, пишува во соопштението на полициската управа во Крушевац, пренесуваат медиумите.
На С. П. од страна на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Видеото од несреќата набрзо беше објавено на социјалните мрежи.
Регион
Тајани: Целта е сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ до 2030 година
Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Рим, на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, со кој претседаваше, изјави дека целта е сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ до 2030 година.
„Можеби може да потрае подолго за Босна и Херцеговина, но Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија имаат потенцијал да ги исполнат овие рокови“, рече Тајани.
Тој посочи дека целта на средбата е да се забрза пристапот на земјите кои не се членки на ЕУ, пренесе Анса. За Италија не е интересен само политичкиот, туку и економскиот аспект“, вели Тајани.
Тој потсети дека пред неколку дена имаше бизнис форум во Србија и дека се надева дека извозот на Италија на Балканот може да расте.
Тајани ја истакна важноста на Трст, град кој, како што наведе, може да биде главно референтно пристаниште на целиот Балкан.
На крајот од средбата во Рим беше објавено финално соопштение во кое се нагласува дека повторното обединување со Европската унија останува јасен знак за стратешката ориентација на Западен Балкан.
Се нагласува дека иднината на регионот е во ЕУ и дека, според тоа, процесот на интеграција на Западен Балкан мора да остане приоритет и за земјите членки и за земјите кандидати.
„Сè уште се потребни натамошни решителни напори за промовирање на регионалното помирување и стабилност“, се наведува во документот.
Во соопштението се наведува дека сите учесници ја истакнале потребата од зајакнување на соработката меѓу ЕУ и регионот, како и потребата од зајакнување на соработката и стратешкото партнерство во управувањето со миграцијата, во борбата против криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и сите форми на организиран криминал.
„Го поздравуваме континуираниот ангажман на партнерите во заедничката европска одбранбена и безбедносна политика, вклучувајќи го и нивниот придонес во мисиите и операциите на ЕУ“, се наведува во завршниот документ, пренесува Танјуг.
Целта на состанокот е да се задржи високото внимание на ЕУ за регионот, промовирајќи го забрзувањето на процесот на интеграција.
Регион
Калас: Западен Балкан е дел од европското семејство, се надеваме на напредок во проширувањето во следните пет години
Западен Балкан е дел од европското семејство, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Рим.
Калас на социјалната мрежа Икс посочи дека во Рим укажала на заедничка безбедносна перспектива со Западен Балкан и изрази надеж дека во следните пет години ќе има вистински напредок во однос на проширувањето на ЕУ, врз основа на напредокот во реформите.
„Западен Балкан е дел од европското семејство. Нашата безбедност е неразделна. Нашата соработка е суштинска. Денеска во Рим ја подвлеков оваа заедничка безбедносна перспектива и нашата надеж за вистински напредок во следните пет години во проширувањето на ЕУ, врз основа на напредокот во реформите“, рече Калас, пренесува Танјуг.
Со министерскиот состанок со партнерите од Западен Балкан и групата „Пријатели на Западен Балкан“ претседаваше италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, а присуствуваше и комесарката за проширување Марта Кос.
Како што претходно беше најавено, целта на состанокот е да се зајакне координацијата во однос на целите и приоритетите за 2025 година кога станува збор за соработката со Западен Балкан со цел да се подобри безбедноста во регионот и да се забрза процесот на европска интеграција.
Во групата „Пријатели на Западен Балкан“ се Италија, Австрија, Хрватска, Грција, Чешка, Словачка и Словенија.