Црна хроника
Пресуда за двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа
По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.
За сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, на обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години.
По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба.
„Во мај минатата година, по повеќемесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, до Основниот суд Скопје 1 Скопје беше поднесен обвинителен акт против двајца српски и петмина македонски државјани. На обвинетите им се ставаше на товар дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1, а еден од обвинетите се гонеше и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1.
Обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување психотропни супстанции и прекурзори, како и опрема и материјали наменети за производство на психотропна супстанца – амфетамин. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори ги сместиле во објект во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко-технолошка целина во која започнале процес на преработка на различните материи, супстанции и прекурзори и производство на психотропна супстанца – амфетамин.
Во септември 2018 година Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: М.З.во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш.и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО ГОКК по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни“ соопшти јавното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Насилство зад затворени врати: закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства
Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата.
На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани.
Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 часот, во Полициска станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Се постапувало по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје
Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР.
Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а било оштетено и неговото возило.
Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:15 часот. Х.Т. (31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

