Свет
Руси веслале со лопата за да преживеат во Пацификот

Тројца Руси кои со моторен чамец пловеле во Тихиот Океан се нашле во незавидна ситуација кога чамецот им се превртел , но откако се бореле шест дена со немирните води, двајца од нив успеале да се вратат на копното веслајќи со лопата, пренесува РТ.
Во март, тројцата пријатели тргнале со моторен чамец од Петропавловск-Камчатски кон Уст-Камчатск на Далечниот Исток на Русија. Но, кога биле на 150 километри од брегот, чамецот бил превртен од брановите.
Само двајца од нив успеале да се вратат на чамецот, додека нивниот пријател исчезнал во турбулентните води. Чамецот пловел, но моторот престанал да работи. Ситуацијата била страшна, бидејќи во чамецот немало весла.
Но снаодливите Руси нашле лопата и ја искористиле за да се вратат назад кон копното. Тие се вратиле на брегот целосно исцрпени шест дена подоцна.
За среќа, нивниот водоотпорен телефон исто така го преживеал тешкото искушение и тие успеале да ги повикаат службите за итни случаи. Спасувачите морале да поминат 50 километри од крајбрежјето за да ги откријат потресените мажи и да ги доведат на безбедно, но обидите да го најдат нивниот пријател досега биле залудни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници