Забава
Почина српскиот актер Миша Јанкетиќ

Денес во Белград на возраст од 81 година почина Михаило Миша Јанкетиќ, еден од најголемите српски и југословенски актери.
Во исклучително богатата кариера тој одигра повеќе од сто улоги во театарот, главно во своето Југословенско драмско позориште.
Остави огромна трага во филмот, телевизијата и радиото. Тој е добитник на сите најзначајни актерски и општествени награди, Добричин прстен, Октомвриска награда, четири Стериини награди , наградата „Павле Вујисиќ“ за животно дело.
Роден е на 24 мај 1938 година во Нови Сад. Средно училиште завршил во Белград. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Белград, но по три години, во 1958 година станал студент на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, на која дипломирал во 1962 година во класата на професорот Мате Милошевиќ.
Првата улога на сцената на Југословенско драмско позориште ја одигра во претставата Ричард Трети во 1961 година. Член на ансамблот на ЈДП беше од 1962 до 1998 година. Во тој период, тој одигра повеќе од шеесет улоги. Последната премиера Миша Јанкетиќ ја имаше на 70-годишнината од Југословенско драмско позориште во претставата Кралот на Бетајнова, во која го играше Крнец (2018 година).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“

Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Забава
Меган е виновна: принцот Хари целосно го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација

Принцот Хари го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“ откако се ожени со војвотката Меган Маркл и се пресели во САД, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основан во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза по низата обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски „Телеграф“.
Принцот Хари и принцот Сеисо се повлекоа од организацијата минатиот месец, заедно со други членови на одборот. Теко го изрази своето разочарување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не го посетија Лесото, ниту, како што тврди, одржуваа контакт со заедницата.
„Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале““, изјави Теко за „Телеграф“, истакнувајќи дека бил изненаден од повлекувањето на Хари од организацијата.
Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“.
Според организацијата, „Сентебале“ е посветена на работа со млади луѓе во Лесото и Боцвана, обезбедувајќи поддршка во областите на здравство, социјална еднаквост и отпорност на климатските промени.
Забава
Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“

Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.
„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.
Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).
„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.
„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.
„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.