Свет
Моралната полиција им нареди на Иранците да ги игнорираат жените за време на Рамазан
Муслиманската морална полиција во Иран им даде на локалните мажи едноставна наредба: да ги одвратат своите погледи од жените за време на Рамазан, пренесува „Кајхан лајф“.
Наредбата е дел од сè посилниот напад врз слободите од страна на строгиот исламски режим поради американските санкции и растечките граѓански немири.
„Мојот личен совет за жените е да го почитуваат хиџабот уште повеќе, а господата мора да избегнуваат да гледаат директно на женските минувачи. Секој што ќе ги игнорира овие инструкции за време на Рамазан ќе изврши прекршок и треба да очекува казна од единиците за спроведување на законот”, рече портпаролот на судството, Голам-Хосеин Есмаили.
Шамијата, или хиџаб, е задолжителна во јавноста за сите жени во Иран. Оние кои го прекршуваат ова правило обично добиваат затворска казна од два месеца затвор и парична казна од околу 25 долари.
Муслиманската морална полиција додаде и дека ќе го уапси секој што ќе слуша музика во автомобилот, ќе му го заплени автомобилот и ќе треба да плати голема парична казна.
Остри мерки за јавно прикажување љубов и емоции доаѓаат во време кога полицијата почна истрага за вознемирувачки видеа на социјалните мрежи на кои ученички танцуваат на поп-песна и од студентки кои протестираата против иранскиот закон за шамии.
Иранскиот министер за образование, Мохамад Батеи, вели дека тим експерти трагаат по изворот на видеото кое прикажува насмеани и среќни деца кои учествуваат во онлајн танцов предизвик.
„Непријателот се обидува на различни начини да создаде вознемиреност кај луѓето, вклучувајќи ги и ширењето на овие вознемирувачки видеа. Сигурен сум дека постои некаков политички заговор зад објавувањето на овие девијантни клипови од училиштата”, рече Батеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

