Македонија
Османи: Преговорите со ЕУ отвораат нови можности за студентите и за нивно вклучување во европските процеси

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска го претстави проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од економскиот и правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Проектот го почнавме обидувајќи се на некој начин да ги доближиме атмосферата и активностите врзани за европските интеграции и нашата работа во Брисел – до идните потенцијали на земјава – студентите, имајќи предвид дека тие ќе треба во иднина да го преземат на себе процесот на европски интеграции, и воопшто, процесот на трансформација на нашата земја со земјите членки на Унијата“, истакна Османи.
Во продолжение од говорот тој посочи дека периодов преговорите со ЕУ се на дофат и изрази увереност дека годинава државата ги почнува преговорите со Европската Унија, а вклучувањето на сите слоеви од општеството, вклучувајќи ги тука и студентите, како една од клучните категории, се важен елемент во подготовката на општеството за предизвиците кои претстојат, со преговорите и трансформацијата која со тоа ѝ следи на државата, согласно европските правила, стандарди и вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).