Црна хроника
Единаесет сообраќајки вчера во Скопје
Вчера во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
По однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 21 возачи од коишто 18 управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило, двајца управувале возило под дејство на алкохол и еден бил возач почетник. Покрај ова, четворица возачи се санкционирани поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување.
Исто така, санкционирани се и тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и деветмина – поради користење мобилен телефон при управување возило. Наедно, од сообраќај беа исклучени и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.
Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози, а 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

