Македонија
Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“
Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“. Oд Општина Аеродром велат дека зонското паркирање е по барање на жителите од тој дел на општината.
ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7:00 до 23:00 часот секој ден освен недела.
„Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром. Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во повикувачкиот центар што се наоѓа зад ТЦ ‘Бисер’. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП ‘Градски паркинг’ http://gradskiparking.com.mk/“, велат од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови
Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.

