Свет
Кина го потврди формалното апсење на двајца Канаѓани по неколкумесечен притвор

Кина официјално уапси двајца канадски државјани, кои беа притворени со месеци за загрозување на национална безбедност во случај што ги влоши тензиите меѓу Пекинг и Отава, пренесува РТ.
Двајцата Канаѓани, поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Спавр, кој организираше патувања во Северна Кореја, беа уапсени во декември минатата година. Кинеското МНР соопшти дека Ковриг бил уапсен под обвинение за собирање државни тајни, а Спавр бил уапсен под обвинение за крадење тајни за странските сили.
„Канада остро го осудува нивното произволно апсење како што го осудивме нивниот арбитрарен притвор на 10 декември”, се вели во изјавата на канадското Министерството за надворешни работи за канадски „Глоуб анд мејл“.
Првично Канаѓаните беа обвинети за активности што ја загрозуваат безбедноста на Кина – фраза што Пекинг ја користи за да опише шпионажа. Подоцна, Кина објави дека постои сомнение дека Ковриг шпионира и краде државни тајни со помош на Спар.
И двајцата беа притворени неколку дена откако Канада го притвори извршниот директор на „Хуавеј“, Менг Ванжу, по барање за екстрадиција во САД, што поттикна шпекулаци дека тоа е одмазднички чин на Пекинг.
Менг, која моментално е ослободена кауција, се соочува со обвиненија за измама во врска со наводното кршење на американските санкции за Иран.
Се чини дека Канада го трпи главниот удар на реакцијата на Кина, со што Менг во голема мера се смета за монета за поткусурување во тековната американска трговска војна со Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин