Спорт
Касилјас ја завршува кариерата и добива функција во Порто?!
Легендарниот шпански фудбалски голман, Икер Касилјас (38), набргу ќе објави дека ја завршува фудбалската кариера по што Порто ќе му понуди функција во клубот, пренесуваат португалските медиуми.
Касилјас е принуден на ваков чекот по срцевиот удар неодамна, но претпоставките се дека и понатаму ќе остане во Порто, клубот каде што е веќе 4 години.
На почетокот на месецот на голманот му се слошило за време на тренинг на Порто, веднаш бил одведен во болница, каде што заклучиле дека претрпел срцев удар.
Касилјас е еден од најуспешните шпански фудбалери на сите времиња. Голот на Реал Мадрид го бранеше на повеќе од 700 меча, а притоа трипати ја освои Лигата на шампиони.
Берба на трофеи имаше и со репрезентацијата. Со „фуријата“ двапати беше првак на Европа, во 2008 и 2012, а во 2010 стана и светски шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларни пресврти на ПСВ и Бенфика
Покрај победата на Ливерпул во дербито со Реал, вториот ден од натпреварите одиграни во петтото коло во Лигата на шампионите го обележа неверојатните пресврти на ПСВ во Ајндховен против Шахтјор и Бенфика во Монако. Дџинамо во Загреб доживеа пораз од Борусија Дортмунд.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, првакот на Холандија ПСВ до 87.минута имаше негатива од два гола против Шахтјор, но до крајот успеа да направи целосен пресврт. Шахтјор во првиот дел стекбна предност од два гола преку Сикан и Зубков. Украинците во 69.минута останаа со играч помалку, кога Педрињо доби црвен картот. Со играч помалку се држеа до 87.минута кога започна серијата на ПСВ. Тилман погоди во 87. и 90.минута, а голот за победа во 95.минута го постигна Пепи.
Пресврт, не толку спектакуларен направи и Бенфика на „Луј Втори“, во Монте Карло. Монако два пати водеше со головите на Бен Сегир и Магаса, првиот гол за Бенфика го постигна Павлидис во 48.минута кога изедначи на 1:1. Синго доби црвен картон во 58.минута, но и со играч помалку Монако постигна гол.
Финишот им припадна на гостите, два пати асистираше Ди Марија во 84. и 88.минута за головите на играчите кои влегоа од клупата за резерви, Кабрал и Амдуни.
Динамо во Загреб загуби од Борусија Дортмунд со 0:3. Целиот натпревар за Динамо го одигра Стефан Ристовски. „Милионерите славеа со головите на Гитенс, Бансебаини и Гираси.
Резултати:
Црвена звезда – Штутгарт 5:1 (1:1)
/Силас 12, Круниќ 31, Иваниќ 65, Радоњиќ 69, 88 – Демировиќ 5/
Штурм – Џирона 1:0 (0:0)
/Беирет 58/
Астон Вила – Јувентус 0:0 (0:0)
Болоња – Лил 1:2 (0:1)
/Лукуми 63 – Мукау 44, 66/
Селтик – Бриж 1:1 (0:1)
/Маеда 60 – Картер-Викерс 26 аг./
Динамо – Дортмунд 0:2 (0:1)
/Гитенс 41, Бансебаини 56, Гираси 90/
Ливерпул – Реал Мадрид 2:0 (0:0)
/МекАлистер 52, Гакпо 77/
Монако – Бенфика 2:3 (1:0)
/Бен Сегир 13, Магаса 67 – Павлидис 48, Кабрал 84, Амдуни 88/
ПСВ – Шахтјор 3:2 (0:2)
/Тилман 87, 90, Пепи 90+5 – Сикан 8, Зубков 37/
Спорт
(Видео) Ливерпул го победи Реал, Мбапе и Салах не реализираа удари од 11 метри
Ливерпул и по петата рунда е еденствениот тим со максимален учинок во Лигата на шампионите. Вечерва на „Енфилд“, во апсолутното дерби на оваа рунда Ливерпул го победи Реал со 2:0. Реал остана на шест бода, скор од две победи и три порази.
Карло Анчелоти, кој има многу проблеми со повредени играчи, на „Енфилд“ излезе со јасна цел да не загуби, но не успеа во својата намера. „Црвените“ од стартот ја презедоа контролата, константно напаѓаа не искористија две добри шанси за гол. Колку Реал беше инфериорен во првото полувреме говори податокот дека не упатија ниту еден удар кон голот на Келехер.
Иницијативата на Ливерпул која продолжи и во вториот дел вроди со плод во 52.минута, кога Мекалистер по додавањето од Бредли го совлада извонредниот Куртоа. Инаку десниот бек на Ливерпул Бредли, одигра брилијантен меч, успеа во целост да го запре Килијан Мбапе.
По примениот гол играчите на Реал тргнаа поангажирано кон голот на Ливерпул. Од првата вистинска акција, Лукас Васкез избори пенал во 61.минута. Мбапе ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Келехер.
Двевет минути подоцна пенал доби Ливерпул. Салах ја презеде одговорноста, но неговиот удар заврши во стативата. Точка на натпреварот стави Гакпо, кој по центрашутот на Робертсон остана сам во пететрецот и со глава ја закова топката во голот.
Спорт
Ван Нистелрој има нова работа
Руд Ван Нистелрој (48), заврши одлична работа краткото време кое го мина како в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. Откако го замени Ерик Тен Хаг, забележа три победи и реми, а потоа му го отстапи местото на Рубен Аморим.
Прославениот напаѓач е на пат да го преземе Лестер, кој неодамна го отпушти менаџерот Стив Купер. Лестер оваа сезона се врати во Премиер лигата, но сега се бори да избори опстанок. Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година моментално е на 16-тото место.
Ван Нистелрој стекна светска слава во Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Го освои и англискиот шампионат. Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Кариера ја заврши во 2012 година во Малага.
Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, тој потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар, освојувајќи два трофеи.