Македонија
(Видео) Шахпаска: Заврши блокадата на Иванов, изгласавме низа закони

Со задоволство можам да соопштам дека заврши блокадата на законодавниот процес во Собранието со која поранешниот претседател Иванов нанесуваше директна штета на граѓаните и на интегративните процеси на државата, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.
„На вчерашната седница во трето читање изгласавме низа закони, меѓу кои и Законите за прекинување на бременоста, за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за Судскиот совет, за коишто Иванов спротивно на Уставот не сакаше да ги потпише указите за нивно прогласување. Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа, но и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси. Законодавниот процес е повторно во функција, а Собранието на Република Северна Македонија конечно може со полн капацитет ефикасно да работи“, изјави Шахпаска.
Пратеничката истакна дека како парламентарно мнозинство остануваат силно посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискирминација, општество на еднакви граѓани со еднакви можности независно од полот, расата, верата или, пак, сексуалната определба.
„Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за прв пат со закон се заштитуваат лицата со попреченост, различен родов идентитет, различна сексуална ориентација. Овој закон беше подготвен во соработка со невладиниот сектор, но е и еден од условите за евроинтеграцискиот процес на нашата држава. Законот за прекинување на бременоста, граѓаните го очекуваа подолго време и кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје“, рече Шахпаска.
Таа рече дека ќе продолжат ги реализираат нивните заложби за владеење на правото, за реформи во судството и за еднаквост на сите пред законот.
„Законите за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем. Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период. Не отстапуваме од целта Република Северна Македонија да биде стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава“, рече Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Најавуваме целосна дигитализација на Општината за искоренување на корупцијата. Најскапиот документ не е оној што се плаќа, туку оној што се чека. Оној за кој не знаеш дали воопшто ќе го добиеш, велинСотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2025 година, граѓанинот, додава тој, не смее да стои во ред само за печат.
„Да бара врски, во шалтери, да се додворува да заврши работа.
Општината повеќе не смее да биде зграда во која влегуваш со нервоза, а излегуваш со даден поткуп.
Таа пракса, драги мои карпошани ќе заврши.
Од првиот ден на моето управување ќе го искоренам чекањето, провизиите и рушветот, преку целосна дигитализација на сите општински процеси.
Општината мора да стане услуга до која ќе стигнеш од еден телефон, во било кое време и од било кое место. Нема повеќе враќање на шалтер, нема повеќе не е ова наша работа.
Јас нема да барам граѓаните да доаѓаат кај мене, туку општината да оди кај нив преку технологијата.
Ќе воведам апликација, каква што има секоја нормална, европска општина преку која ќе можеш со два клика, со матичен број и адреса, да поднесеш барање, да добиеш број и во секое време да го следиш статусот на решавање“.
Тоа, како што појасни одамна постои во светот, но кај нас не се воведува од добро познати причини.
„Затоа што кога има ред нема простор за корупција.
Ќе воспоставам прозорец за брзи услуги преку кој граѓаните веднаш ќе ги добиваат своите документи без зависност од расположението, или волјата на шалтерскиот работник.
Процесот ќе биде автоматизиран и целосно транспарентен.
Мојата цел е едноставна, една апликација за сите општински услуги.
Но дигитализацијата не е само екран и апликации, таа мора да донесе внатрешна дисциплина и одговорност.
Ќе воведам следење на секое барање. Кој службеник го примил, кој го одработил и за колку време го обработил.
Секој што ќе ја заврши работата навреме, или пред дадениот рок ќе биде награден, а оној што ја кочи постапката ќе мора да биде санкциониран.
Граѓанинот и јас ќе добиваме аларм кога предметот стои предолго“.
Според него, нема повеќе скриена одговорност.
„Се ќе биде видливо, мерливо и транспарентно.
Така функционира реалниот сектор од каде доаѓам.
Така ќе функционира и општина Карпош.
За оние што немаат пристап до технологија, ќе воведам дигитални советници во општината. Обучени лица што ќе им помогнат на граѓаните да ги поднесат граѓаните. Никој нема да биде исклучен.
Мојата визија е Карпош да остане општина без изговори и без поткуп. Кога граѓанинот ќе може да реши проблем со два клика, тогаш ќе знаеме дека живееме во модерна општина, со чесна управа.
Македонија
Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за криумчарење цигари.
Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.
Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.
Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.
Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.
Македонија
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека на ден 11.10.2025 година ( сабота ), по повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.
Во понеделник, 13.10.2025 година, се продолжува со редовно работно време.