Контакт

Економија

Анѓушев, Тевдовски и Адеми на Виенскиот економски форум ги презентираа потенцијалите за инвестирање во земјата

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдовски и Арбер Адеми, во рамките на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за земјава, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата, и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финанскиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал.

dobivaj vesti na viber

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, зборувајќи за инвестициските можности во Република Северна Македонија на „Виенскиот економски форум 2019 – Економски разговори во Виена – Нови перспективи за Република Северна Македонија“, потенцира дека земјата нуди многу можности за инвестиции во многу области и дека сега е вистинското време за странските инвеститори да ги реализираат своите инвестициски проекти токму во нашата земја. Тој нагласи дека во 2018 година забележани се позитивни економски показатели, кои се резултат на напорната работа на Владата.

Вицепремирот потенцира дека во согласност со владините економски политики се креирани анализите и можностите на земјава со цел да се максимизира економскиот потенцијал на земјата и да обезбеди повисок и одржлив економски раст, а со тоа и повисок животен стандард за граѓаните.

„Доколку се анализира структурата на домашниот бруто-производ, лесно се забележува дека во голема мерка тој се создава во четири столба: индустријата, во која се вклучени енергетката и рударството, градежништвото, земјоделството, како и во трговијата, која е составен дел на претходните три. Задоволни сме со растот во сите гранки во минатата година, но исто така сме свесни дека постои голем простор за подобрување на секоја од гранките. Во однос на индустријата, веќе споменав дека со Законот за финансиската поддршка, кој е во согласност со ЕУ-легислативата, се овоможува силна финансиска поддршка, како и даночни и царински олеснувања за новите инвестиции, која може да одстигне до 50 отсто од висината на инвестицијата. Тука се вклучени мерки за финансиска поддршка, кои подразбираат поврат на 10 отсто од направена нвестиција и дополнителни 10 отсто поврат на инвестицијата доколку компанијата е извозно ориентирана, како и мерка за поврат на 20 отсто од исплатените нетоплати за вработените, кои изнесуваа над 50 отсто од минималната плата во држаата. Важно е дека системот за поддршка е многу транспарентен и секој инвеститорт однапред може да пресмета колку поддршка може да очекува од државата“, потенцира Анѓушев.

Северна Македонија, како што истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, успешно ја одржуваше макроекономската и финансиската стабилност во минатото и изјави дека се решени така да биде и во иднина и на тој начин, како што додаде тој, „на постојните, но и на потенцијалните странски инвеститори им гарантираме стабилност“.

„Клучните параметри на оваа макростабилност исто така ја рефлектираат нашата стратешка определба да се доближиме до ЕУ и да станеме земја членка, односно нашата валута е цврсто поврзана со еврото, со непроменет паритет повеќе од две децении, инфлацијата е ниска и стабилна, а буџетскиот дефицит ретко надминува 3 отсто од БДП – годинава очекуваме дефицит од 2,5 отсто. Понатаму, одржуваме блиски економски врски со Западот: 80 отсто од нашиот извоз во 2018 година заврши во ЕУ (и уште 11 отсто во нашите соседи надвор од ЕУ), а речиси 80 отсто од странските директни инвестиции во Северна Македонија доаѓаат од ЕУ“, истакна министерот Тевдовски.

Во своето обраќање, министерот за финансии, Тевдовски, посочи дека за потенцијалните инвеститори е особено значајно дека регулативата во финансискиот систем е усогласена со ЕУ и дека во Република Северна Македонија се нудат неколку можности за инвестирање во финансискиот систем, односно гринфилд-инвестиции, како и инвестиции со заеднички капитал со меѓународни финансиски институции.

„Имајќи го предвид фактот дека глобалниот тренд за пораст на потребата од стручен кадар ја зафаќа и Република Северна Македонија, покрај реформите во основното и високото образование, правиме и крупни промени во областа на средното образование, со фокус на стручното образование“, образложи министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

„Имам задоволство да информирам дека со поддршка од Светската банка изготвивме вкупно 1.040 нови наставни програми, кои се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето. Ако на ова ја додадеме и изработката на нови учебници по оние предмети по кои имаше потреба од дополнување и осовременување на податоците и содржината, очекувам значително подигнување на креативноста на часовите и интересот на учениците за акумулирање нови знаења“, рече, меѓу другото, министерот Адеми во своето обраќање и дека пред три години во земјата во едно средно училиште од областа на електротехниката се воведе дуално образование, кое си најде врвна партнерска компанија за имплементација на планот за едукација на учениците, кој подразбира повеќе практична настава за нив, и тоа непосредно на работното место. Минатата година, концептот се воведе и во две други училишта заедно со неколку партнерски компании, а од септември, кога почнува новата учебна година, се опфаќаат нови и нови училишта“.

Во рамките на дискусијата на Виенските економски разговори беше истакнато дека постојат неколку апсекти во работењето на Владата што се за потенцирање, односно транспарентното носење одлуки и вклученост на сите инволвирани во тој процес. Некои од говорниците исто така потенцираа дека Северна Македонија е отворена и за новите инвеститори нуди повеќе од совршени услови за работење.

Економија

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети

Објавено пред

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер.

dobivaj vesti na viber

Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење заради унапредување на истражувачката активност, модернизација на алатките неопходни за водење монетарна политика, зајакнување на стабилноста на финансискиот сектор, како и за понатамошно јакнење на институционалните капацитети на Народната банка.

„Воспоставената соработка претставува значаен поттик за натамошно зајакнување на капацитетите на Народната банка во повеќе важни области на работењето и потврда на долгогодишното партнерство меѓу нашата земја и Швајцарија“, истакна гувернерот Славески нагласувајќи ја улогата на централната банка во обезбедувањето макроекономска стабилност и поддршката на одржливиот економски развој.

„Швајцарија е посветен партнер за развој на Северна Македонија повеќе од 30 години. Преку овој меморандум за соработка, ја потврдуваме нашата поддршка за економските институции и реформите во земјата, како и за силна, независна и кредибилна централна банка којашто ги применува меѓународните и европските стандарди. Швајцарија го почитува ова партнерство и е посветена на унапредување на макроекономската стабилност и на одржливиот економски развој“, истакна амбасадорот Зомер.

Во рамките на Програмата, активностите се насочени кон унапредување на спроведувањето на монетарната политика, промовирање стабилен и сеопфатен финансиски сектор, зајакнување на отпорноста, одржливоста и ефикасноста во работењето. Поддршката опфаќа анализа и спроведување на монетарната политика, макроекономски податоци и статистика, истражувања, финансиска стабилност и вклученост, развивање нови дигитални решенија за модернизација на платежната инфраструктура преку подобрување на пристапот до платежните услуги, еколошката одржливост, управувањето со ризиците, како и управувањето со човечките ресурси и меѓународната соработка.

Соработката се остварува во рамките на Програмата за билатерална помош и градење капацитети за централните банки (Bilateral Assistance and Capacity Development for Central Banks – BCC), финансирана од СЕКО и спроведена од Женевскиот институт за меѓународни и развојни студии. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на централните банки во земјите во развој преку унапредување на нивната аналитичка и техничка експертиза за водење ефикасна монетарна политика и одржување стабилен финансиски систем. Со потпишувањето на Меморандумот, Народната банка ќе биде дел од оваа мрежа на институции коишто преку оваа програма инвестираат во знаење и напредок.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска пред Енергетската заедница: Македонија ја забрзува интеграцијата во европскиот енергетски пазар

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на состанок на Енергетската заедница, каде што ја презентираше реалната и мерлива динамика на напредокот на Северна Македонија во усогласувањето со европското енергетско и климатско законодавство и во јакнењето на регионалната енергетска интеграција.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерката истакна дека изминатата година била обележана со предизвици, но и со конкретни институционални резултати, пред сè во делот на законодавните реформи и стратешките инфраструктурни чекори.

Како клучна пресвртница, Божиновска го нагласи усвојувањето на новиот Закон за енергетика, со кој во голема мера е транспониран Пакетот за интеграција на електричната енергија. Според неа, Законот создава јасна правна основа за активна интеграција на националниот електроенергетски и гасен систем во регионалниот и во внатрешниот пазар на Европската Унија и претставува најзначајниот чекор кон идното спојување на македонскиот пазар со европскиот пазар на електрична енергија.

„Со овој закон се редефинираат улогите, обврските и одговорностите на институциите, операторите на преносните системи и пазарните оператори – не само во имплементацијата, туку и во активното учество во креирањето на заедничките правила за регионалните енергетски пазари“, беше истакнато во обраќањето.

Дополнително, министерката информираше дека во 2025 година е усвоен и Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, со кој се отстрануваат регулаторните и нерегулаторните бариери за реализација на проекти за енергетска ефикасност, се зајакнува соработката меѓу сите чинители, се поттикнува користењето обновливи извори на енергија кај крајните корисници и се овозможува поефикасно користење на финансиски механизми и стимулации.

Во делот на стратешкото планирање, Божиновска информираше дека Ревидираниот Национален енергетски и климатски план (НЕКП) за периодот 2025–2030 се наоѓа во финална фаза пред усвојување. Јавната консултација со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со Енергетската заедница, е завршена, а усвојувањето се очекува во најкраток можен рок.

Посебно беше истакнат и пристапот на МЕПСО кон Заедничката канцеларија за алокација (JAO) – заедничката европска платформа за аукција на прекугранични преносни капацитети, што, како што кажа Божиновска, претставува стратешки исчекор за националниот електроенергетски систем и практична интеграција во најголемата и најтранспарентна европска платформа од овој тип.

Во таа насока, министерката најави дека МЕПСО има намера да номинира еден преносен инфраструктурен проект во рамки на процесот за избор на Проекти од интерес на Енергетската заедница / Проекти од заемен интерес (PECI/PMI) во циклусот за 2026 година, како дел од заложбите за јакнење на регионалната поврзаност и усогласување со европските плански рамки.

На крајот, Божиновска подвлече дека државата паралелно работи на критични инвестиции во регионалните електроенергетски и гасни интерконекции, со цел зголемување на енергетската безбедност, вклучително и проектот за гасен интерконектор со Грција и продолжување на разговорите со Србија.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата

Објавено пред

Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.

dobivaj vesti na viber

Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.

„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.

Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија13 минути

Андоновски: Македонија рангирана во А групата за дигитален напредок според Светска банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија33 минути

Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење“ на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија49 минути

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Македонија2 часа

„Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија3 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет3 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет3 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет4 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет5 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа5 часа

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет14 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион15 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа15 часа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет17 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија17 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет18 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија19 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија19 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...